9 причини заради кои мажите „исчезнуваат“ после првиот состанок со вас

Првиот состанок е возбудливо, но и подеднакво нервозно и стресно искуство кое може да ве натера да се однесувате неприродно.

9-pricini-zaradi-koi-mazite-isceznuvaat-posle-prviot-sostanok-so-vas-01.jpeg

И двете страни се подеднакво загрижени дали ќе се претстават во најдобро светло, но ако сте сигурни дека го давате максимумот од себе, а сепак мажите како да исчезнуваат после првото гледање, можеби правите некоја од следниве 9 грешки:

1. Како една од темите за разговор при запознавањето го спомнувате бракот, се шегувате на сметка на веренички прстени, бурми, деца, свадбени церемонии...

2. Детално навлегувате во секоја ситница од вашата работа, додека мажот ве слуша и ништо не ве разбира.

3. Опседнати сте со секоја нотификација која ќе ви пристигне додека сте на состанокот.

4. Не се нудите да платите, да ја поделите сметката, да си одите сами до дома...

9-pricini-zaradi-koi-mazite-isceznuvaat-posle-prviot-sostanok-so-vas-02.jpeg

5. Не правите напори за разговорот да продолжи, па наместо тоа молчите и чекате тој да ви постави прашање.

6. Зборувате со бебешки глас.

7. Постојано наоѓате замерки за локалот каде сте, за услугата, пијалакот кој ви е послужен...

8. Не возвраќате на комплиментите и не знаете да ги прифатите.

9. Претерувате со контролирањето на секоја ситница во текот на вечерта.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg