5 брутално искрени исповеди на жени: Зошто сум сингл?

Од скратување на соништата до недоверба поради скршено срце, некои жени отворено проговорија за својата емотивна состојба.

5-brutalno-iskreni-ispovedi-na-zeni-zoshto-sum-singl-01.jpg

Дали постојано ви го поставуваат прашањето зошто сте сингл? Дали ви е здодеано да давате објаснувања?

Неколку жени дадоа брутално искрени одговори зошто се сингл:

Сингл сум затоа што секогаш станувам пријателка со мажите

Имам огромна љубов за да дадам, но некако сум неспособна за комплетно да го отворам срцето веднаш. Прво станувам пријателка со мажите, со надеж дека тоа во иднина ќе прерасне во нешто повеќе, но тоа никогаш не се случува затоа што тие ме прифаќаат како пријателка и воопшто не ме гледаат како потенцијал за врска.

Сингл сум затоа што ми е многу тешко да им верувам на мажите

Дури и да го сретнам најфиниот маж на планетата, дел од мене ќе биде скептичен дали тој лажно ми се претставува. Имав искуства во минатото кои ме направија недоверлива и сега тоа ми ги уништува сите врски. Ме изгореа и не знам како да преболам.

5-brutalno-iskreni-ispovedi-na-zeni-zoshto-sum-singl-02.jpg

Сингл сум затоа што сакам да бидам сингл

Сакам во животот да играм по свои правила, да ги туркам сопствените граници и да ставам паузи на одредени работи во мигот кога јас ќе посакам. Сакам комплетно да сум посветена на градење на мојата успешна приказна. Сакам да сум дива и слободна и ништо да не ме задржува.

Сингл сум затоа што искрено не сакам одење на состаноци

Навистина ми е истоштувачко да излегувам на состаноци со мажи и да се запознавам. Го мразам зборот состанок, јас би сакала да седам во парк на клупа, да пијам пиво во природа или да земам нешто за јадење на поминување. Не сакам официјално да седам и да разговарам со маж. Не сум таков тип.

Сингл сум затоа што сум сонувач

Не сакам да останам на едно место, сакам возбуда и спонтани авантури. Има премногу места што сакам да ги видам и досега не сум запознала маж што ќе може да ме придружува во тоа. Исто така, не се задоволувам за ништо помалку од вистинска љубов и почит, а денес тоа е реткост.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg