9 проблеми во врската по кои ќе познаете дека љубовта згаснува
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


9 проблеми во врската по кои ќе познаете дека љубовта згаснува

Секој треба да знае кои се опасни проблеми и ситуации, што не треба да се игнорираат во љубовната врска.

9-problemi-vo-vrskata-po-koi-kje-poznaete-deka-ljubovta-zgasnuva-01.jpg

Изневерување, закани и насилство секако се јасни причини за разделба, но постојат и други знаци кои водат кон крај на врската.

За да не се мачите, добро е да знаете неколку други неочигледни знаци, со кои треба да сфатите дека љубовта полека почнува да избледува.

Проблеми во врската кои значат дека се ближи крајот:

Партнерот ви изгледа полошо од претходно

Ако пред одреден период, не можевте да одолеете на гласот или изгледот на партнерот и на сите им раскажувавте колку е прекрасен, а сега, сите негови навики ви се напорни, а гласот неподнослив – работите многу се промениле.

Личноста всушност не е сменета, туку само вашиот став кон истата, а чувството на антипатичност покажува знак за крај.

Барате рационални причини да бидете заедно

Понекогаш, помислувате на разделба, но ве надвладува помислата дека од неговиот дом ви е поблиску до работа.

Или пак, си барате некои други изговори кои ќе ве натераат да останете со партнерот, иако очигледно не го сакате тоа длабоко во себе.

Таквите мисли не зборуваат за љубов, туку за навиката и удобноста од заедничкиот живот.

Ви станува досадно да поминувате време заедно

Ако порано сте можеле да бидете сами со денови и да ви биде интересно, а сега почнуваат да ви станува здодевно, темите полека згаснуваат и повеќе сакате да го поминувате времето сами, па дури и ако е на телефон, тогаш имате сериозен проблем.

Ваквите промени може да значат криза, но ако трае подолго, тогаш значи дека врската веќе не може да продолжи да се одржува.

9-problemi-vo-vrskata-po-koi-kje-poznaete-deka-ljubovta-zgasnuva-02.jpg

Помалку си верувате еден на друг

Доколку порано си ги кажувавте со партнерот сите важни работи кои ви се случуваат во животот, без размислување, а сега се подзамислувате дали треба нешто да споделите, значи нешто не е во ред и довербата се намалила.

Недостатокот на доверба е лош знак за врската, со оглед на тоа што тешко може да се врати, откако еднаш ќе се изгуби.

Избегнувате размислување и зборување за заедничка иднина

Размислувате за големи животни промени на личен и професионален план, но немате потреба да му ги соопштите на партнерот.

Тоа значи дека не планирате заедничка иднина, а кога ќе се започнат такви разговори, ја менувате темата.

Во тој случај, зошто сте уште заедно?

9-problemi-vo-vrskata-po-koi-kje-poznaete-deka-ljubovta-zgasnuva-03.jpg

Го минимизирате присуството на партнерот во вашиот живот

Ако чувствувате дека ви е поубаво да одите сами на прошетки, на патувања, на шопинг и слично, можеби тоа е знак дека ви е досадено од луѓе и сакате да одморите.

Но, тоа можеби значи и дека ви здодеала само една личност – вашиот партнер, па проценете добро каква е вашата ситуација.

9-problemi-vo-vrskata-po-koi-kje-poznaete-deka-ljubovta-zgasnuva-04.jpg

Партнерот ви е последен на листата приоритети

Ако ви изгледа како сите други работи и луѓе да се поважни и поинтересни отколку средбата со партнерот, ако сметате дека комуникацијата со партнерот е губење време, веројатно е време да се откажете од врската и да се посветите на она што навистина ве интересира.

9-problemi-vo-vrskata-po-koi-kje-poznaete-deka-ljubovta-zgasnuva-05.jpg

Намерно предизвикувате конфликти

Константните конфликти и потребата да правите драма од мали ситници се знак за нестабилна врска, а доколку порано не било така, а сега е, значи дека вашиот став кон партнерот и врската е многу променет.

Не сакате да ги решите проблемите

Подготвени сте да признаете дека врската е во полоша состојба од претходно и немате никаква намера да направите нешто за да го промените тоа.

Останува само да разговарате со партнерот за ова и да не се мачите залудно.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 проблеми со кои се соочуваат тазе венчаните парови Целиот стрес околу планирањето на совршената свадба помина, а помина и свадбенат...
Taјната на среќните двојки: 4 грешки кои никогаш не ги прават во врската Среќата во врската ретко доаѓа сама од себе. На неа е потребно многу да се работ...
За што најчесто се расправаат паровите пред да раскинат? Факт е дека расправите се неизбежен дел од секоја врска. Сепак, доколку забележи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg