Не вели дека не си знаела за неговите неверства

Долго време во себе имав мисли кои сожалуваа луѓе, кои едноставно не требаше да бидат сожалувани.

Ne veli deka ne si znaela za negovite neverstva 01

Ќе си речев сирот/а , насочено кон луѓето кои не сакаа да мрднат со прст за да постигнат нешто, а сакаа сè, кон оние кои постојано се жалеа за својот изглед, а не сакаа да се посветат за нешто да променат, кон оние кои не беа среќни во врската, а не сакаа да си заминат.

Како што минуваа годините и се менуваше светот, сфатив дека не треба да жалиш некој што тоа го одбира како своја сопствена судбина, како свој живот, како своја реалност, како нешто нормално.

Судено ми е да не успеам, да не се вработам, судено ми е да бидам дебела, судено ми е да бидам изневерена. Баксуз сум на кој му се судени многу лоши работи, тоа е, друго објаснение нема! Ќе изговореа често пред да западнат повторно во депресија.

Сега те гледам во очи, потечени ти се од плачење и не знам што да искоментирам, знаев дека епилогот на вашата приказна ќе биде ваков, ти го предвидов, ама ти не ме слушаше.

Да бидеме реални иако ти тврдиш дека си немала поим што ти прави зад грб, ти беше многу свесна, но секогаш кога ќе станеше свесна, замижуваше и посакуваше тоа да не е реалноста.

Лажејќи се одново и одново, само запаѓаше во сопствената дупка на безизлезот и самоповредувањето. Ти знаеше сè, но во себе сакаше да не знаеш ништо, гледаш до каде те доведе тоа?

„Знам дека не ми веруваш, но во сите овие години, не го фатив ниту еднаш, навистина беше добар во тоа што го правеше. Не знам едноставно”. - вели таа гушејќи се во сопствените солзи.

Ајде да кажеме дека не си го фатила со сопствени очи. Но што имаш да кажеш на сите тие парфеми кои што ги мирисаше на неговиот врат, немој да негираш бидејќи си ми кажала повеќе пати за тоа.

Велеше дека ти се причинува, дека тоа е твојот парфем на испотена кожа, уморна или заспана, па дека ти се случува нешто чудно со аромите. Нешто што во превод значеше неверство, на кое ти ги затвораше своите сетила.

Зошто мислиш дека тој никогаш не објави ваша заедничка фотографија никаде? За да биде слободен пред виртуелниот свет, за да не постоиш пред сите тие напалени девојки кои ќе му пристапат.

Ако и тоа не беше доволно, сите тие избришани разговори со неговите најдобри другари, тајни шифри и кодови додека разговараат, сите несфатени шеги. Нели тоа беше доволно?

Зошто ги затвораше очите на сите тие знаменца кои извикуваа опасност?

Неговите чести посети во главниот град поради едниот неположен предмет, колку пати мислиш дека полагаше? Телефонскиот именик му беше преполн со машки имиња, дали некогаш си ги запознала Марко, Мартин, Стефан, не затоа што не постојат, тоа се само женски имиња заведени под машки псевдоним. Можеби играше паметно, но сето тоа е провидно.

За тоа сме зборувале, но тогаш мислеше дека си претерано љубоморна, дека треба да го олабавиш. Тој уште имаше дрскост топката да ја префрли на тебе, а ти тоа да го прифатиш.

На ист начин премолче кога тој доби сомнителна порака, ти кажа дека му честитале роденден поради шегата која ја направил со другарите и колегите мислеле дека слави тој ден, па сите тие срциња и бакнежи биле токму поради тоа.

Не беше еднаш, беше милион пати во текот на овие години. Сите знаци, сè вриштеше дека е неверен и дека ти набива рогови. Ти кажавме и ние, но мислеше дека ти љубомориме на врската. Немој да го обвинуваш него, тој ја играше својата игра, затоа што ти му дозволи.

Немој да се сожалуваш, не треба никој да те сожалува, роговите ги носеше, сега тргни ги од твојата глава и не дозволувај да се најдат таму повторно.

Избриши ги солзите, крени ја главата, ќе одиш да се соочиш со тој човек, да му кажеш колку голема кукавица е, колку нема тестостерон во него за да дојде и да ти каже сè во лице.

Ти ќе бидеш таа која што ќе му каже дека прекинувате, затоа што ти од таа врска доби само болка. Време е за промени, за широко отворање на очите и за не негирање на знаците кои јасно кажуваат што се крие зад завесата.

Разведри се, млада си, убава, имаш уште многу пред себе, велат дека од распарано срце се учи најдобро.

Честитки, штотуку доби диплома за скап курс, како да не ослепиш додека си заљубена, се надевам ќе ти користи во иднина, за ова никогаш да не се повтори!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg