8 ситуации кога вашето и телото на партнерот „врескаат“ дека не сте еден за друг

Собрани веѓи

Собраните веѓи покажуваат дека сте критички настроени и чувствувате доза презир кон партнерот.

Никој не сака осудување, па штом го забележи ова партнерот ќе почне потсвесно да се брани и да се заштитува од вас. Ова води до проблеми.

8-situacii-koga-vasheto-telo-vreska-deka-vie-i-partnerot-ne-ste-eden-za-drug-06.jpg

Рамнодушност

Кога на партнерот му го вртите грбот, не го гледате во очите, почнувате да зборувате на телефон пред да заврши дијалогот со него, доцните и рамнодушни сте кон тоа што ви го зборува ситуацијата е загрижувачка.

Игнорирањето е метод на манипулација и потиснување. Ако гледате дека на личноста до вас не ѝ е важно вашето гледиште на работите, тогаш таа не е вистинската за вас.

8-situacii-koga-vasheto-telo-vreska-deka-vie-i-partnerot-ne-ste-eden-za-drug-07.jpg

Допирање на вратот при разговор

Во емотивни ситуации сите наоѓаме начин да се смириме себеси. Кога луѓето не се чувствуваат сигурни, се загрижени, исплашени и нервозни, тогаш си го допираат вратот.

Исто така, ваквиот допир може да асоцира дека вашиот партнер крие нешто од вас. Ви го покажува тоа што нема храброст да ви го каже со зборови.

8-situacii-koga-vasheto-telo-vreska-deka-vie-i-partnerot-ne-ste-eden-za-drug-08.jpg

Пријателско тапкање по грбот

Пријател може да ве тапка по грбот како знак на поддршка и одобрување, но кога партнерот го прави тоа изгледа како да избира „полесен“ пат отколку да ви даде силна прегратка.

Вие сте вљубени, а ова не е вистинскиот начин на утеха во една врска.

8-situacii-koga-vasheto-telo-vreska-deka-vie-i-partnerot-ne-ste-eden-za-drug-09.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава