Зошто сексот некогаш престанува да биде уживање?

Понекогаш сексот наместо уживање, е вистинско измачување за еден од партнерите или пак, и за двајцата. Уште потешко е кога не може да се лоцира причината за тоа.

10-prichini-zoshto-seksot-nekogash-prestanuva-da-bide-uzhivanje-01.jpg

Ова се неколку од потенцијалните причини поради кои не уживате во сексот колку што би сакале, а кои ѝ се случуваат на жената:

1. Непогодни денови од месецот

Во периодот непосредно пред почетокот на менструацијата, ѕидовите на вагиналниот канал се малку задебелени, а со тоа и многу почувствителни на дразби, поради што може да се случи чувството да биде непријатно.

Кај некои жени може да се случи пречувствителност за време на овулацијата и неколку дена после неа. Во ваквите денови, применувајте пози во кои партнерката има контрола врз интензитетот на сексот.

2. Удари во чувствителни точки

Иако по сите правила, стимулацијата на чувствителните точки, меѓу кои и фамозната Г-точка, треба да донесат најголемо уживање, всушност не секогаш е така.

Може да почувствувате непријатна болка или потреба за мокрење иако вашиот меур е испразнет. Ако не ви е пријатно, сменете ја позата или прекинете го односот.

3. Депилација

Доколку имате чувствителна кожа, отстранувањето на влакната со восок, но и со бричење, може да предизвика иритации, болки и појава на поткожни влакна. Притоа, сексот може да биде многу непријатен, особено доколку враснатите влакна предизвикале појава на длабоки акни и болни цисти.

Во овие случаи е најдобро да избегнувате секс додека целосно не поминат воспаленијата, но и да се посоветувате со дерматолог и со козметичар кој начин на отстранување влакна можете да го применувате, без вакви последици.

4. Алергиски реакции

Дури и на интимните делови од вашето тело може да се појави алергиска реакција на одредена храна, ткаенина, циклусни влошки, тампони или латекс од кондоми. Може да се случи чешање и отекување да се појават по консумирање некои лекови, особено антибиотици.

За почеток, престанете со користење парфимирана и обоена тоалетна хартија, а циклусните и секојдневните влошки нека бидат памучни, со целулозна површина. Ако за два до три дена не помине реакцијата, отидете на преглед кај гинекологот за да се провери што се случува.

5. Недоволна влажност

Недоволната навлажнетост може да предизвика непријатно суво триење за време на сексуалниот чин. Влажноста често се намалува при пиење контрацептивни таблетки, но може и да се случи едноставно „да не ви е денот“.

Во вакви ситуации можете да си помогнете со лубрикант.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg