Што ќе се промени и што ќе научите кога ќе почнете да живеете со партнерот?


Што ќе се промени и што ќе научите кога ќе почнете да живеете со партнерот?

Многу парови кои се веќе во сериозна врска и имаат можност, се иселуваат од дома и се одлучуваат да живеат заедно уште пред брак.

shto-kje-se-promeni-i-shto-kje-nauchite-koga-kje-pochnete-da-zhiveete-so-partnerot-01.jpg

Други пак, го прават тоа дури откако ќе се венчаат, но како и да е, животот со партнер е многу поразличен од оној со семејството претходно или кога сте живееле сами.

Иако претходно сте поминувале многу време заедно, секогаш има нови работи кои не можете да ги предвидите за другата половина, а ќе ги откриете од заедничкиот живот.

Ќе научите многу лекции, како за партнерот, така и општо за животот и за себеси.

Оние кои веќе го поминале тоа, споделуваат што научиле кога почнале да живеат заедно со партнер.

Дефинитивно ќе научите многу нови работи:

1. Ќе научите повеќе еден за друг.

shto-kje-se-promeni-i-shto-kje-nauchite-koga-kje-pochnete-da-zhiveete-so-partnerot-02.jpg

2. Ќе си ги прифатите меѓусебните навики иако некои може да се грозни.

3. Повеќе ќе си недостасувате кога ќе бидете одвоени.

shto-kje-se-promeni-i-shto-kje-nauchite-koga-kje-pochnete-da-zhiveete-so-partnerot-03.jpg

4. Но и ќе ви недостасува да спиете сами и да се ширите понекогаш.

shto-kje-se-promeni-i-shto-kje-nauchite-koga-kje-pochnete-da-zhiveete-so-partnerot-04.jpg

5. Вашите различни распореди за дневните активности може да станат проблем, но се надминува со добра организација.

6. Ќе почнете да разговарате за здодевни работи како домашни обврски и домаќинство додека најдете заеднички јазик.

shto-kje-se-promeni-i-shto-kje-nauchite-koga-kje-pochnete-da-zhiveete-so-partnerot-05.jpg

7. Ќе имате и чудни разговори за пари, кои е најдобро да се направат навреме.

8. Ќе се чувствувате убаво кога ќе има кој да ве разбуди наутро.

9. Нема да може да си викате гости кога и да посакате и ќе мора да се консултирате и договарате.

10. Ќе научите нови навики на трошење и штедење.

shto-kje-se-promeni-i-shto-kje-nauchite-koga-kje-pochnete-da-zhiveete-so-partnerot-06.jpg

11. Ќе научите подобро да комуницирате бидејќи тоа е клучот за успехот на заедничко живеење.

12. Понекогаш ќе си одите на нерви, но тоа е природно во граници на нормала.

shto-kje-se-promeni-i-shto-kje-nauchite-koga-kje-pochnete-da-zhiveete-so-partnerot-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не мора да знаете сѐ: Совети за бракот од разведена жена Дадете му крилја да ги следи соништата и жалбите сведете ги на минимум... Дад...
8 знаци дека е време да почнете да живеете заедно и 8 дека е избрзано Вселувањето во заеднички дом со партнерот е еден од највозбудливите моменти во в...
Како да го држите партнерот настрана од семејните проблеми? Кога сте во врска, сосема нормално е да споделувате многу аспекти од животот со ...

Најчитани неделава