Знаци кои покажуваат дека вашиот партнер може да стане насилен кон вас

Насилството во врските воопшто не е ретко, било да се работи за физичко или психолошко насилство.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashiot-partner-mozhe-da-stane-nasilen-kon-vas-02.jpg

Доколку забележувате дека нешто не е во ред со другата страна и дека и вие страдате поради тоа, почнете да размислувате како да се ослободите од таа врска.

Ова се знаците кои би требало да означат тревога:

Претерана посесивност

Сака да ве контролира и да знае каде сте во секое време. Доколку ова е проследено со забрани за дружење и правила за облекување, многу е веројатно дека ситуацијата само ќе се влошува.

Нагли промени на расположението

Молчите бидејќи не знаете дали со кажаното ќе предизвикате одобрување и еуфорија или пак напад на бес и лутина.

Обвинување

Партнерот за сè е во право, а вие сте виновни за сè? Бегајте колку што можете подалеку.

Поставување услови

Иако правите компромиси, воопшто не е добро ако компромисот е сведен на тоа да ја прифаќате желбата на партнерот, без да се грижите за своите потреби.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashiot-partner-mozhe-da-stane-nasilen-kon-vas-03.jpg

Наредување

Едно е кога партнерот бара нешто од вас и ви е задоволство да го правите тоа, а друго е кога ви наредува да направите нешто што не ви е по волја.

Закани

Ги користи солзите, лутината и заканите, па дури и ви вели дека ќе се самоповреди или самоубие, само за да ја добие својата цел. Токму ова треба да ви даде до знаење дека оваа личност умее само да ве повреди.

Што да правите кога ќе прекинете?

Раскинувањето со ваква личност може да биде вистинска голгота. Многу е веројатно дека ќе ве вознемирува дома, дека ќе добивате повици и извинувачки пораки, дека во вашето поштенско сандаче ќе осамнуваат мали подароци за вас... Доколку сте решени да прекинете, не паѓајте на ништо од ова, бидејќи сигурно е дека нема да биде подобро.

Сменете ги сите лозинки на социјалните мрежи и намалете ја активноста. Можеби дури и ќе морате да ги смените термините на слободните активности. Доколку ве прогонува, не двоумете се да побарате помош од полицијата.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg