Вистината е дека мажот што те сака ќе ти се обврзе веднаш, нема да ти го губи времето

vistinata-e-deka-mazhot-shto-te-saka-kje-ti-se-obvrze-vednash-nema-da-ti-go-gubi-vremeto-01.jpg

Постои вистина која многу луѓе се плашат да ти ја кажат – мажот што те сака и сака да биде со тебе ќе се обврзе кон тебе веднаш и без премислување.

Ќе те „врзе“ за себе затоа што нема да сака никој друг да го зграби твоето внимание и да те украде од него.

Па, единствената работа која треба да ја направиш кога мислиш дали сте си судени еден на друг е да се запрашаш себеси дали во моментот си со него, дали е тука сега.

Затоа што мажот со кој ти е судено да бидеш нема да те остави да чекаш.

Може ќе ти биде тешко да го проголташ ова затоа што можеби си со маж кој не сака да ти се посвети, но ти дава трошки од љубов и внимание колку да те залаже да останеш со него. Постојано ти дава изговори зошто не може да ти се посвети и ќе прави да се чувствуваш изгубено, збунето, оптоварено и несигурно дали треба да останеш и да издржиш или да го напуштиш и да престанеш да си го губиш времето.

Дури и експертите за состанување велат дека ако тој и по 90 дена со тебе не сфатил дека ти си вистинската, никогаш нема да сфати. Па, ако сакаш нешто сериозно, замини си од ваквиот маж веднаш и не си го троши времето.

И главниот проблем е што жените мислат дека не можат да препознаат кога се во лоша врска, но можат, интуицијата им го кажува тоа. Проблемот е што лошото претчувство го мешаат со очекувањата и очајното барање на знаци дека им е судено да бидат со тој маж.

Особено опасна е нивната опиеност кога се со него и начинот на поврзаност кој го чувствуваат што им го заматува видот и го гледаат како подобра личност од што тој навистина е.

Но, ако тој сака да биде со тебе, нема да наоѓа изговори, нема да биде збунет, нема да се плаши од обврски. Едноставно ќе сака да бидете во љубовна врска.

Мажот што те сака ќе се плаши да не те изгуби и ќе стори сè за да бидеш покрај него и никогаш нема да те пушти. Обврзаноста кон тебе ќе му дојде природно.

Ако не ти се посветува, остави го. Биди сама некое време и остави ги вратите отворени за некој нов што ќе дојде и ќе те цени, некој што ќе биде сигурен дека сака да биде со тебе. Некој што природно ќе ти го покаже значењето на „засекогаш“.

Прочитајте и На крајот секој маж се кае што ја изгубил жената која го чекала да сфати што сака од животот!

Извор

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg