Дали сте зависничка од машкото внимание?

Вниманието од спротивниот пол ни одговара на сите, но девојките кои се зависни од машкото внимание се посебна категорија.

dali-ste-zavisnichka-od-mashkoto-vnimanie-001.jpg

Нивната потреба за внимание е толку голема, па често поради тоа и губат допир со реалноста.

Проверете дали спаѓате во оваа група девојки, со помош на следниве знаци:

1. Кога некој ви дава комплимент и добро се однесува со вас, вие веднаш сте „надвор од себе“. Лесно паѓате на шарм и флерт, а потоа се чувствувате повредени и како лесен плен.

2. Некои девојки мислат дека со секс можат да го придобијат и врзат момчето. Најлошиот дел е што токму девојката на крај е таа која се врзува и е разочарана. Избегнувајте и одложувајте го овој метод.

3. Му угодувате и му ги исполнувате желбите на момчето, а нему тоа му одговара бидејќи некој друг се грижи за неговите потреби. На овој начин, вие мислите дека ја добивате неговата наклонетост.

4. Цело време сте во меланхолија и депресија и секое ново момче за вас е спасителот. Кога тој ќе исчезне, повторно влегувате во депресивниот циклус.

5. Верувате на секоја приказна која момчето кое штотуку го запознавте ви ја сервира „во доверба“. На овој начин тој ве придобива, вие сте вљубена, а тој цели кон нешто сосема друго.

Е. Д. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg