Каков е карактерот на мажот – според тоа што носи во кревет?

Боксерки, пижами или без ништо на себе? Она во кое фраерот вообичаено спие, открива мноштво интересни детали за неговата личност.

kakov-e-karakterot-na-mazhot-spored-toa-shto-nosi-vo-krevet-1.png

По зборовите на психологот Саманта Родман, омилената облека на партнерот во постелата, може да ви одговори дали е добар љубовник или сопруг.

kakov-e-karakterot-na-mazhot-spored-toa-shto-nosi-vo-krevet-2.jpg

Во чија прегратка ќе се чувствувате посебно, ама нема да имате луд и незаборавен секс?  Кој ќе ви пружи материјална сигурност? На кого му е тешко да ѝ се посвети на само една девојка?

kakov-e-karakterot-na-mazhot-spored-toa-shto-nosi-vo-krevet-3.jpg

Еве каков е карактерот на мажот, според тоа што носи во кревет:

Пижами

Ова е маж на кого најважна му е удобноста. Станува збор за мошне доверлива личност, на која секогаш ќе може да се потпрете. Фраерите кои спијат во пижами, најчесто се приврзани за своите партнерки. Тие ги негуваат семејните односи. Уживаат да се галат, а во  нивната прегратка ќе се чувствувате сигурно и посебно. Сепак, голема е веројатноста дека нема да имате луд и незаборавен секс. Да, срамеживи се, истакнува психологот.

kakov-e-karakterot-na-mazhot-spored-toa-shto-nosi-vo-krevet-4.jpg

Долна облека

Во оваа категорија дефинитивно припаѓаат мнозинството мажи. Причината е мошне проста - тоа им е наједноставното решение за одење во кревет. Сепак, многу говори и за нивниот карактер. Според зборовите на Саманта, фраерите кои спијат во боксерки не се воопшто комплицирани типови. Тие се љубители на спорт, сакаат да се дружат со пријателите и секогаш се спремни за акција. Често се лојални во љубовта, додека во бракот се добри сопрузи и татковци. Со нив може да сметате на материјална сигурност. 

kakov-e-karakterot-na-mazhot-spored-toa-shto-nosi-vo-krevet-5.jpg

Ништо

Неносењето облека во кревет, посочува на изразено секспапилен маж, кој е желен за акција и адреналин. Фраерите кои спијат комплетно голи обожаваат патувања и нови животни искуства. Истото важи и за понежниот пол. Луди се по авантури за една вечер, згодни жени и експлозивен секс, тврди Родман. Сепак, добрата вест е дека дури и тие умеат да се вљубат и вистински да сакаат. Додуша, ретко ѝ се посветуваат на само една партнерка. Околината често ги доживува како ексцентрични личности.

kakov-e-karakterot-na-mazhot-spored-toa-shto-nosi-vo-krevet-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg