Низ илустрации: Како НЕ треба да се однесувате со жените што мразат романтика
Ако ги бакнувате и гушкате 24/7 ќе им здодеете. Ако им велите постојано „Те сакам“ ќе им се одмилите.

Се верува дека сите жени, без исклучок сонуваат за романтичен херој кој ќе ги однесе на зајдисонце на својот бел коњ по пат посипан со рози. И некои мажи веруваат во ова и се трудат по секоја цена да се вклопат во сликата за идеалниот принц.
Но, верувале или не постојат и жени што мразат романтика. Жени кои не се радуваат на букети со 101 роза, на плишани мечиња и на маж кој по 10 пати на ден ќе им кажува дека ги сака.
Како НЕ треба мажите да се однесуваат со жените кои мразат романтика:
Нема потреба да им „цртате“ срциња насекаде.

Нив ќе им здодеете ако постојано ги опсипувате со внимание.

Ќе ги загушите ако постојано им праќате пораки.

Ќе им се одмилите ако им правите скандали затоа што не ви одговориле на пораките и повиците.

Ќе направите грешка ако им купувате плишани мечиња, зајчиња и срциња.

Ќе ги исплашите ако ја покажувате вашата љубов пред сите соседи.

Премногу романтичните изненадувања нема да го имаат посакуваниот ефект.

Нема да бидат пресреќни ако по цел им кажувате колку ги сакате и ги прашувате дали и тие ве сакаат.

Ниту кога ги бакнувате и прегрнувате без престан секогаш и секаде.

Им доаѓате ненајавено на врата.

Плачете по нив и сте претерано емотивни.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара...
„ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав...
„Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
