Дали и зошто да се остане во врска со личност која не ја сакате?

Кога семејството и пријателите ве прашуваат зошто уште сте во врска со личност во која не сте вљубени, најтешко е да го најдете соодветниот одговор на тоа.

dali-i-zoshto-da-se-ostane-vo-vrska-so-lichnost-koja-ne-ja-sakate-01.jpg

Постојат илјадници причини зошто би се спасувала таква врска, без разлика како тоа им изгледа на набљудувачите однадвор. Како најчести причини за ваквиот чекор се стабилноста, заедничкото поминато време, удобноста на воспоставената врска...

Прочитајте ги овие кратки исповеди, кои на некој начин ја поддржуваат вашата одлука:

„Јас и моето момче почнавме врска уште во средно, но потоа заминавме на различни факултети. Во даден момент тој се префрли на друг факултет, за да бидеме поблиску еден до друг. Во истиот момент, почувствував потреба да бидам сингл. Но, во ниту еден момент не го направив тоа, бидејќи тој, од друга страна, направи голем чекор поради мене и ќе беше себично да му раскинам. Сè уште сме заедно.“

dali-i-zoshto-da-se-ostane-vo-vrska-so-lichnost-koja-ne-ja-sakate-02.jpg

„Според мене, љубовта е и да се чувствуваш удобно. Удобноста е дел од љубовта. Моите пријатели мислат дека веќе не го сакам. Можеби се во право, но не ме интересира, сè додека врската е стабилна.“

„Не би знаела да кажам. Различни луѓе различно ја дефинираат љубовта. Сексот ни е добар, сакаме иста храна, гледаме исти филмови... Мене тоа ми е доволно. Не излегувам со други, бидејќи не гледам ништо забавно во тоа.“

dali-i-zoshto-da-se-ostane-vo-vrska-so-lichnost-koja-ne-ja-sakate-03.jpg

„Не го сакав на почетокот на врската, но ми беше интересно вниманието кое го добивав. Мислам дека не знам да кажам дали некогаш постоела љубов, но она што е сигурно е дека веќе имаме изграден заеднички живот.“

„Дали постои љубов? Мислам дека не. Заедно сме затоа што ние сме ние. Ако нема љубов не значи дека не сме среќни и дека тоа е причина да се прекине нешто што веќе е изградено и убаво.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава