Долг секс е добар секс и уште неколку митови во кои паровите веруваат

Луѓето се склони кон прифаќањето на популарните митови како апсолутна вистина, па ниту сексот не е исклучен од тоа.

dolg-seks-e-dobar-seks-i-ushte-nekolku-mitovi-vo-koi-parovite-veruvaat-01.jpg

Според основните анатомски и физиолошки дефиниции, сексот е чин кога машкиот полов орган влегува во вагината, со примарна цел размножување, а секундарна меѓусебно задоволство на партнерите.

Но, дали е сè така како што учиме од книгите по биологија?

Секс = пенис + вагина

Ако се запише математички тврдењето погоре, тогаш ова е точно. Но, што е со оралниот секс? Или пак аналниот? Што се случува кај хомосексуалните парови. Сексот не може да се дефинира со математички принципи.

Сите имаат секс

Овој мит не е точен. Постојат луѓе кои поради најразлични причини никогаш досега немале секс, или пак се откажале од него на одреден период, а можеби и засекогаш.

dolg-seks-e-dobar-seks-i-ushte-nekolku-mitovi-vo-koi-parovite-veruvaat-03.jpg

Долг секс е и добар секс

Апсолутно неточен мит. Секс кој трае повеќе часови може да ги измори партнерите и да ја намали влажноста на вагината, а со тоа да настане и непријатно триење. Од друга страна, има парови кои успеваат да постигнат и по неколку оргазми во временски период помал од еден час.

Првиот секс е секогаш болен

Всушност, доста голем е бројот на девојки кои не почувствувале болка при првиот сексуален однос.

dolg-seks-e-dobar-seks-i-ushte-nekolku-mitovi-vo-koi-parovite-veruvaat-02.jpg

Мажите сакаат секс, а жените љубов

Ова е уште еден мит кој е цврсто вграден во сексуалните стереотипи. Да, постојат и мажи кои се вљубуваат, постојат и жени кои сакаат само необврзувачки секс.

Партнерите треба да имаат еднаков сексуален апетит

Сосема е нормално понекогаш едниот партнер да не сака да има секс, бидејќи го преокупира нешто друго. Исто така, нормално е и да сакаат различна застапеност на сексот, што се решава со разговор и договор.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg