Што не треба да правите веднаш после секс?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 20-05-2019
Продавач 20-05-2019


Што не треба да правите веднаш после секс?

Иако после секс никој не сака да има други обврски, сепак кога станува збор за здравјето, мора да внимавате на некои работи.

shto-ne-treba-da-pravite-vednash-posle-seks-01.jpg

Не смеете да заборавите на одржување на хигиена и не треба да правите некои работи кои можеби досега ви биле навика.

Веднаш после сексот, дури и ако се чувствувате уморно, поспано или сакате само да уживате на свој начин, треба да обрнете внимание на неколку „правила“.

Што не треба да правите веднаш после секс за да го одржите телото здраво:

Не треба да заборавате да одите во тоалет за да го намалите ризикот од инфекции

Иако можеби не е секси после секс веднаш да трчате до тоалет, сепак празнењето на мочниот меур е многу важно заради тоа што сексуалната активност може да ги турне бактериите подлабоко што предизвикува инфекции.

shto-ne-treba-da-pravite-vednash-posle-seks-02.jpg

Слободно истуширајте се, но избегнувајте бања во претопла вода

Во ред е да се туширате после секс, но избегнувајте го уживањето во жешка купка, бидејќи топлината може да ја иритира кожата на гениталиите.

shto-ne-treba-da-pravite-vednash-posle-seks-03.jpg

Не користете парфимирани и мирисливи производи на гениталиите

Овие производи исто така може да ја иритираат кожата на гениталиите, па најдобро е да се избегнуваат, посебно веднаш после секс, па практикувајте само млака вода без употреба на други хемикалии.

shto-ne-treba-da-pravite-vednash-posle-seks-04.jpg

Не ги кревајте секс играчките без темелно да ги исчистите по употреба

Доколку сте од оние кои сакаат да го збогатат сексуалниот живот со секс играчки, по употребата, исто како што вие го миете вашето тело, така треба да ги измиете и нив пред да ги вратите на место, но и за нив не користете производи со хемикалии, мириси и слично.

shto-ne-treba-da-pravite-vednash-posle-seks-05.png

Не облекувајте тесна долна или обична облека по секс

Бидејќи често има вишок телесни течности, а триењето предизвикува ширење на бактериите насекаде, дозволете му на телото да дише слободно и природно да се исчисти, па не го затегајте со тесна облека.

shto-ne-treba-da-pravite-vednash-posle-seks-06.jpg

Не го фаќајте веднаш телефонот

Иако овој совет не се однесува на здравјето, сепак практикувајте после сексот да го искористите тој краток период да се зближите интимно и поврзете, а не веднаш да станувате или да се фаќате за телефонот и телевизорот.

shto-ne-treba-da-pravite-vednash-posle-seks-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс видеа, врзување на очите: Листа на топ секс желби на мажите и жен... Што мислите ако си направите листи со секс желби со партнерот? Дали ќе ви се пок...
Најголемите грешки во сексот на жените, според мажите и обратно Грешки на жените: Не иницираат секс. Секогаш сакаат секс во темница. Грешки на м...
8 знаци дека е себичен во сексот Себичните луѓе неретко се себични и во сексот. Ако имате таков партнер, тогаш зб...