Не очекувај добар живот со маж што не те сака доволно!

ne-ochekuvaj-dobar-zhivot-so-mazh-shto-ne-te-saka-dovolno-01.jpg

Не може некому кому си му навика, а не желба и страст да те направи среќна. Не може да ти даде животна авантура за какви романите се пишуваат.

Никогаш нема да се труди премногу, ниту да смислува мали слатки трикови за да измами насмевка на твоето лице.

Нема да му се насолзуваат очите од самата помисла на живот без тебе. Ниту ќе му бидеш нешто бесценето и незаменливо.

Нема да знае како да те стави на пиедесталот. Нема да знае како да направи да се чувствуваш како најсаканата и најубава жена на светот.

Нема да направи да веруваш дека со самото свое постоење си вредна за љубов. Од тебе секогаш ќе очекува повеќе, ќе бара повеќе, секогаш нешто ќе недостига.

Нема да му бидеш совршена таква каква што си. Ќе му бидеш животен проект.

Ќе ти упатува токсични зборови кои ќе ти ја растажуваат душата. Нема да знае да те љуби, како што заслужуваш да бидеш љубена.

Утрата нема да ги почнуваш со разиграно срце и помисла што убаво ќе сторите еден за друг денес.

Нема да бидете сојузници. Ќе бидете ривали. Нема да бидете тим. Ќе бидете двајца странци ставени во ист ринг.

Ништо за што сонуваше во животот тој нема да ти го даде со леснотија. Нема да направи да сакаш да врескаш од среќа.

Сè ќе му биде претешко за тебе, сè ќе му бара премногу напор, сè ќе прави затоа што мора, а не затоа што сака.

А љубовта не е тоа.

Љубовта не е притисоци, не е силување. Силувана љубов пет пари не вреди. Силувана љубов не прави среќа.

А животот со него ќе биде токму тоа. Грабање да ја отвориш вратата од неговото срце. Газење по јајца за повторно да не ги повредиш неговите чувства. Дозирање на тоа колку љубов бараш од него затоа што тој на грами ја мери.

И не е тоа живот, барем не онаков каков што си замислуваш. Затоа замини.

Да те сака некој не е нешто за кое се моли, а да минеш живот со човек кој не те сака доволно не е нешто кое вреди да се живее.

Не силувај ги работите. Само крени раце кога не гледаш повратна реакција. Нешто ново и подобро доаѓа.

Прочитајте и Знаци кои покажуваат дека вашата врска е „исфорсирана“ и токсична!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg