Приказни од хотелот – шести дел

Денес бев баш некако расположена. Дали дека надвор паѓаше снег или, пак, дека доаѓаше Нова Година, не знам. Но, бев пресреќна. Гостите кои доаѓаа исто така носеа некаков бран на среќа со себе, особено Професорот којшто пикна уште една женска во соба без да приметиме. Во тој момент мислев дека ќе го задавам. Но, се воздржав да не направам скандал...

prikazni-od-hotelot-shesti-del-01.jpg

Професорот го доби својот прекар не поради неговата професија, туку поради тоа што на почетокот сакаше да се расфрла со лекции по вработените, вклучувајќи ме и мене.

За нас е само една голема енигма бидејќи не само што не остава лична карта, туку ниту името не му го знаеме... На телефон се претставува со нашиот прекар... Дури и беше среќен што така го завикавме...

„Овде ретко кога можеш да останеш „неприметен“, но ѝ тоа се случува, Професоре“ – му реков начекувајќи го во бифето.

„Извини Вилма, но почувствував потреба дека треба да се расположам со две одеднаш“

„Почувствува потреба? А бе, Професоре... Овде сите чувствуваат некаква потреба... Ама со две одеднаш? Сред бел ден? На пладне?“

„Потивко, Вилма... Ќе те чујат.“

„Да бе да, тие нафта пијат... Па, ќе те слушнат...“

„Вилма, те молам само овој пат.“

„Професоре, ама со црвенокоса и русокоса... Кај ги ископа, жити сѐ?

„Ми рекоа дека одат во пар, една плус една гратис...“

„Само овој пат, инаку те заклав!“

„Sir, yes sir“ – ме отпоздрави и замина.

Во себе си помислив „Каков идиот“, ама му возвратив една така кисела насмевка од почит. Тој си замина во собата, јас отидов да си направам кафе. Ставив да се прави и за девојките. И тогаш почна кикотењето од собата на Професорот...

„Таа нека почне прва“ – рече едниот женскиот глас.

„Не, најдобро е тој да почне... Која би ја играл прва?“ – рече другиот женски глас.

„Саманта, ти наредувам да почнеш да ја галиш по косата...“ – најпосле изусти Професорот.

„Добро...“

Потоа се слушаа воздишки, слични поперверзни наредби, по некоја вулгарност. Се договараа во која река прво да ја пуштат рибата, но најпрво ја галеа... Ја спремаа за пловидба...

Кафињата беа готови. Тргнав кон рецепцијата.

„Сакам уште. Ах... Сакам уште...“ – едниот глас почна сѐ погласно и погласно да се слуша.

„А јас, а јас?“ – се придржи другиот глас.

На крај тропнав. А, тие навидум стивнаа како млади јагниња.

„Колку сум лоша... Секогаш на најубавото ги прекинувам... Ама, заслужено! – си помислив во себе.

Тие заминаа. Ние со девојките веќе го имавме испиено кафето. Па, Вероника се качи во собата, но се врати мошне изнервирана.

„Сега и овие работи што ги најдов треба да ги чуваме?“ – извика таа.

„Што се случи?“

„Топчиња некакви најдов во собата, некакви шалови како за во кабаре, искинати хулахопки... И уште триста тракатанци.“

„Тоа е подарок од Професорот.“

„Каков подарок, не се зезајте...“

„Се шегував, секако. Никако не ги пипај со голи раце, стави ги во кеса сите такви работи и право во канта“

Вероника отиде да ги фрли, а ние со Клара слатко се изнасмеавме. Очигледно Професорот поминал лудо попладне...

*Сите настани и ликови во приказните од овој чуден хотел се измислени, доколку било кој се пронајде во нив – тоа е чиста случајност.

Претходниот дел прочитајте го тука.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Марија Прличкова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg