8 јасни знаци дека вашето поранешно момче жали што ве изгубило

Секој од нас барем еднаш во животот зажалил што напуштил некој од своите поранешни партнери. Потоа сме правеле сè за да ги вратиме, но тоа често не успевало.

8-jasni-znaci-deka-vasheto-poraneshno-momche-zhali-shto-ve-izgubilo-01.jpg

Се случувало и да прекине некоја врска, а сè уште да има емоции или само од едната, а некогаш и од двете страни.

Ова се осум јасни знаци дека момчето кое ве напуштило, сака да ви се врати:

1. Љубоморен е на вас

Успеавте да ја надминете болката и да продолжите, но забележавте дека поранешното момче сè почесто се појавува на места каде излегувате. Исто така, заедничките пријатели ви кажуваат дека не е многу среќен поради вашето ново момче.

2. Повторно остварува контакт

Ако одвреме-навреме добивате по некоја порака од поранешното момче, очигледно е дека повторно сака да воспостави некаква комуникација. Сигурно не ве бара да разговарате за временската прогноза или економската ситуација, туку го имаат обземено емоции или ја нема прифатено идејата дека веќе не сте заедно.

8-jasni-znaci-deka-vasheto-poraneshno-momche-zhali-shto-ve-izgubilo-02.jpg

3. Се распрашува дали имате некого

Ако поранешното момче се интересира за тоа дали имате некого после него, тоа е одличен знак дека сака и понатаму да бидете сингл за да може да има поголеми шанси за враќање.

4. Ви зборува за заедничкото минато

Ќе ви пише на Фејсбук или на друга социјална мрежа и евоцира спомени од заедничкото минато. Му недостигате и го обзема носталгија и можеби сака да види дали сте заинтересирани за евентуално смирување.

5. Прашува за вас

Заедничките пријатели и познаници ви кажуваат дека прашува за вас, дека зборува и дека јасно покажува дека му недостигате. Ова е еден од најсигурните знаци дека му е жал што не сте заедно.

8-jasni-znaci-deka-vasheto-poraneshno-momche-zhali-shto-ve-izgubilo-03.jpg

6. Правите ревизија на раскинувањето

Во оние моменти кога разговарате, повторно и повторно го „разглобувате“ вашето раскинување и причините кои довеле до него. Со ова, поранешното момче одоколу ви покажува дека ја преиспитува својата одлука и проверува дали можеби има шанса да се врати.

7. Ги нема собрано своите предмети

Кај вас дома има негови предмети кои знаете дека му требаат, но никако не доаѓа по нив. Кога би ги земал, тоа би значело затворање на една етапа и губење на секоја шанса повторно да бидете заедно.

8. Ги признава своите грешки

Малку доцна, но вашето поранешно момче е свесно дека згрешило и бара начин да го поправи тоа. Сепак, размислете дали вреди да давате нова шанса.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg