Единствената ретка ситуација во која е во ред да раскинете преку СМС

Кога се љубовните состаноци во прашање, не можете да предвидите дали сè ќе биде како што треба, ниту дали ќе ви се допадне личноста.

edinstvenata-retka-situacija-vo-koja-e-vo-red-da-raskinete-preku-sms-01.jpg

Но, кога се работи за прекинување, било да е тоа после првиот, петтиот или кој и да е состанок, најдобро е тоа да се направи лично или преку телефонски повик. На тој начин покажувате дека го цените времето кое таа личност ви го посветила, но и самите нив.

Кога се работи за СМС пораки, сосема е во ред кога откажувате кафе или дружба со пријателите или кога известувате некого кога ќе задоцните. Од една страна, пораките се едноставни, бидејќи нема да гледате во разочараното лице, ниту пак ќе го слушате треперливиот глас на личноста со која прекинувате. Навистина, воопшто не е кул кога праќате порака за раскинување и најдобро е да најдете начин да го направите тоа лично.

edinstvenata-retka-situacija-vo-koja-e-vo-red-da-raskinete-preku-sms-02.jpg

Дали има ситуација кога е во ред да се раскине со порака?

Во време кога партнерите може да бидат „заедно“ со месеци и години, да имаат редовен секс, но никогаш да не се во официјална врска, веќе не постои јасна дефиниција на овие односи. Бидејќи се нијанси во прашање и во некои од овие односи нештата се само површни, сепак, постојат случаи кога пораката може да ви послужи за раскинување.

Но, пред да го сторите тоа, дефинирајте ја длабочината и суштината на врската, како и личната безбедност. На пример, после еден или два состанока, не мора да „свикате“ трет за да објасните дека нештата не одат, туку е сосема во ред да испратите порака. Во овој случај имате врска „без врска“, а во содржината на пораката мора да бидете директни, без заобиколување.

Постои и исклучок, ако веќе сте спиеле со таа личност. Тогаш, ќе треба да се потрудите малку повеќе, можеби со подолг разговор преку пораки или со повик, но повторно, држете до она што сте го намислиле и не дозволувајте да бидете предомислени поради каква и да е банална причина.

Врските не се лесни, ниту да се создадат, ниту да се задржат, ниту да се прекинат. Најважно од сè е да не бидете дрски, бидејќи сигурно не сакате да оставите емоционална траума кај кој и да било.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg