Не сакам да се омажам, само сакам да сум среќна

ne-sakam-da-se-omazham-samo-sakam-da-sum-srekjna-01.jpg

Изгледа како каде и да одам го има зборот „љубов“. Од рекламни кампањи за станбени кредити со парови како се држат за рака до честитки со ветувања за љубов до крајот на животот.

Како сè да посочува на тоа дека не е во ред да си сингл. Дека тоа е нешто од кое треба да се срамиме. Дека не е нешто со кое смееме да се задоволиме.

Како сè да нè охрабрува да се омажиме и да основаме семејство и како сè да е со цел да направи да се чувствуваме виновно ако одбереме да се посветиме само на кариерата.

Да, љубовта е убава. Длабоката поврзаност со некој е прекрасна, но и тешка за пронаоѓање.

Како и да е, понекогаш забораваме дека во животот има многу повеќе отколку само тоа да се омажиме и да се смириме. Понекогаш љубовта не е сè. Забораваме дека љубовта е чувство кое можеме да го пронајдеме во себе.

Признавам дека долго време чувствував како нешто да ми недостига во животот, додека ги гледав моите другарки и колешки како се мажат и раѓаат деца. Бев среќна за нив, но потајно се прашував: „Зошто ова не ми се случува на мене? Дали некогаш ќе ми се случи?“

ne-sakam-da-se-omazham-samo-sakam-da-sum-srekjna-02.jpg

Сега, сфатив дека залудно сум се заморувала со работите кои ги немав, наместо да бидам благодарна за сè што имам и за сè што сум. И дека имам одлична можност да растам и да се подобрувам.

Повеќе не чувствувам дека мора да пронајдам некој „совршен“ и да се омажам. Искрено, веќе не ни барам љубов, само сакам да сум среќна таква каква што сум со животот што си го креирав за самата себе.

Не сакам некој само за да ми ја исполни празнината. Си ја исполнувам со прекрасни работи кои си ги планирам за себе. Не сакам некој само за да не завршам сама.

Сега бркам среќа, амбиции и полека станувам жената што сакам да бидам.

И кога ќе бидам подготвена за љубов, сигурна сум дека љубовта ќе ме пронајде мене. До тогаш планирам да бидам среќна сама.

Извор 

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg