Која е психолошки најстратешка локација за прв состанок?

Магазинот „Scientific American“ по подолго истражување, откри која е психолошки најстратешка и најсоодветна локација кога излегувате на прв состанок.

koja-e-psiholoshki-najstrateshka-lokacija-za-prv-sostanok-01.jpg

Се работи за најобичните кафулиња, каде луѓето доаѓаат да го испијат своето кафе. Овие места мирисаат на кафе, чаеви и сокови, кои во мозокот испраќаат сигнали на пријатни чувства. Луѓето ретко се бесни и лути кога пијат кафе, а и кафулињата често оставаат доволно простор за гостите да комуницираат нормално, наместо да се надвикуваат со гласната музика.

Атмосферата на овие места најчесто е релаксирана. Но, ако треба да изберете место за првиот состанок, обидете се тоа да не биде кафуле каде има жива музика, каде постојано има бучни и гласни луѓе, но и изберете локал каде има помалку гости.

koja-e-psiholoshki-najstrateshka-lokacija-za-prv-sostanok-02.jpg

Првиот состанок е наменет за запознавање и разговарање. Сигурно ефектот би бил подобар кога би можеле да разговарате, без да го слушате муабетот од масата што е залепена до вас, без да се надвикувате и без да се браните од децата кои другите гости не можат да си ги исконтролираат.

А дури и да не успее состанокот, кога истиот се одвивал со добро кафе и во пријатна атмосфера, сигурно во иднина нема да го паметите како катастрофа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg