Што ми вреди твоето „Те сакам“ секој ден, доколку постапките не го покажуваат тоа?

Ние жените како излеани од еден калап – пукнати да го слушнеме тоа „Те сакам“ како да е најголемата животна победа. Особено ако ни се каже во јавност, пред некој друг.

Sto-mi-vredi-tvoeto-te-sakam-sekoj-den-01.jpg

Или ни се напише во коментар на некоја од друштвените мрежи со задолжително срценце до коментарот. „Те сакам, ангелу мој“.

Мажот на ангелот по сите тертипи е прилично лош маж, мал и неспособен паразит кој само се преправа дека е глава на семејството и ги влече сите конци во куќата, додека жената е онаа на чиј грб паѓа најголемиот товар.

Но, тој напишал „Те сакам“, па сите гревови му се простени. И имал храброст тоа да го сподели во јавност, биди бога ти. Орден за храброста и патетичните изјави на љубов, неспособноста и мрзеливоста ќе ги занемариме.

Што вреди твоето „Те сакам“ по 100 пати во денот, кога сите постапки го докажуваат спротивното?

Тоа „Те сакам“ ќе ги раскрене садовите? Ќе отиде да испазари или ќе ја остави жената сама да влечка 5 преполни ќеси?

Тоа „Те сакам“ ќе си ги собере алиштата зад себе? Ќе научи како се пушта машината за перење со цели 3 копчиња на таблата? Ќе ја проголта гордоста и ќе застане да спружи една корпа со алишта?

Тоа „Те сакам“ ќе научи да зготви барем 5 јадења во животот? Ќе ја преземе подготовката на ручекот барем 2 дена во неделата, со цел жената да здивне малку? Уште непресоблечена од работа, таа со едната рака ја вклучува рерната, со другата сечка и запржува кромид… битно некој ЈА САКА и секој ден гласно и го кажува тоа. Уште да ѝ го покаже на дело.

Тоа „Те сакам“ умее да менува пелени, да чува деца, да ги заигрува, да ги заспива?

„Те сакам“, изговорено и однесено со првиот ветер, како збришано со гума. Кај е сакањето кога сум тажна и уморна, кога сум изнервирана и потресена, кога ми се плаче, кога ми натежнува целиот живот и проблемите во него?

Тоа „Те сакам“ ќе ми ги реши или мажот кој без зборови ќе ме прегрне силно, ќе ми ги избрише солзите и ќе застане до мене да се бориме заедно против препреките…

Ич не ми треба да ме сакаш со зборови. Ми треба да ми го покажеш тоа со дела.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg