Паровите кои спијат во одвоени кревети имаат подобар секс

Ако ве загрижуваше што не спиете во ист кревет/соба со партнерот, ова истражување пријатно ќе ве изненади.

parovite-koi-spijat-vo-odvoeni-kreveti-imaat-podobar-seks-01.jpg

Истражување направено на 2.000 парови дојде до интересни резултати. Ако сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, треба да спиете во одвоени кревети со партнерот.

Во истражувањето е откриено дека 4 од 10 брачни парови спијат одделно во поголемиот дел од ноќите и дека 34% од нив тврдат дека спиењето одделно им го подобрило сексуалниот живот, а пак 38% изјавиле дека спиењето одделно целокупно им го подобрило бракот.

Причини за нервоза и несогласување често е ‘рчењето на партнерот, различните циклуси за спиење, правењето премногу движења во креветот на партнерот итн.

parovite-koi-spijat-vo-odvoeni-kreveti-imaat-podobar-seks-02.jpg

Јасно е дека добриот сон влијае и на желбата за секс, па така партнерите што спијат одделно се понаспани, позадоволни и имаат поголема сексуална желба. Намален е стресот, а подобрено е расположението.

Ако спиете одделно, истражувачите советуваат закажување на секс, како и контакт кожа до кожа и милување наутро за замена што вечерта не сте си заспале во прегратка. Тие советуваат дека ако е потребно, дури е во ред да сте не само во одделни кревети, туку и во различни спални соби со партнерот.

parovite-koi-spijat-vo-odvoeni-kreveti-imaat-podobar-seks-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg