7 жени го откриваат најужасниот начин на кој им се додворувал маж

„Еден таксист за време на целото возење ми кажуваше дека ако бил сингл ќе се оженел со мене, а потоа ме праша дали би можел да го добие мојот телефонски број.“

7-zheni-go-otkrivaat-najuzhasniot-nachin-na-koj-im-se-dodvoruval-mazh-01.jpg

Во филмовите додворувањето е романтично, полно со возбуда и изненадувања, но во реалноста не секогаш е така прекрасно.

Некогаш ниту летаат искри, ниту има љубов на прв поглед, туку само разочараност од начинот на пристап.

Жени го откриваат најужасниот начин на кој им се додворувал маж:

Eден маж ми кажа: „Кога влезе во собата ти го видов задникот и си реков мора да го сторам ова, потоа ти се сврте, ти го видов лицето и си кажав можам да го сторам ова.“

„Бев во кафуле и кога излегов од тоалет некој ги обви рацете околу мене. Беше толку интимно, што помислив дека е моето момче и се свртев за бакнеж. Бев ужасната кога видов непознат маж. Потоа видов како истото го направи и со друга жена.“

7-zheni-go-otkrivaat-najuzhasniot-nachin-na-koj-im-se-dodvoruval-mazh-04.jpg

„Еден таксист за време на целото возење ми кажуваше дека ако бил сингл ќе се оженел со мене, а потоа ме праша дали би можел да го добие мојот телефонски број.“

„Пешачев кон дома кога еден тип сврте со автомобилот, го отвори прозорецот и ме праша дали може да ме одвезе до дома затоа што сум била многу убава.“

7-zheni-go-otkrivaat-najuzhasniot-nachin-na-koj-im-se-dodvoruval-mazh-03.jpg

„Носев сандали во диско, ми пристапи тип и ми кажа дека сум имала многу убави стапала. Навистина беше језиво.“

„Еден маж ми пристапи и почна да ми раскажува што се случувало во мозокот за време на секс и колку тоа било добро за моето здравје.“

7-zheni-go-otkrivaat-najuzhasniot-nachin-na-koj-im-se-dodvoruval-mazh-02.jpg

„На LinkedIn непознат маж почна да ме кани на состаноци во порака, а потоа ми оставаше коментари за моите вештини како „убава“ и „одлично тело“. Не ли му е јасно дека тоа е бизнис профил?“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg