Зошто зафатените мажи им се поатрактивни на жените?

Мажите често велат дека им се поатрактивни на жените и дека имаат поголем успех во флертувањето и заведувањето кога се зафатени. Некои го припишуваат ова на поголемата самодоверба или помалиот очај, но различни истражувања сугерираат дека можеби постои и научно објаснување зошто зафатените мажите им се попривлечни на жените.

Eve zosto zafatenite mazi im se poatraktivni na zenite 01

Од друга страна, жените често се жалат дека само зафатените мажи вредат. Меѓутоа, прашањето е дали самиот факт што се зафатени може да ги направи мажите попривлечни и пожелни или постојат еволуциски преференции кон одредени физички и ментални карактеристики?

Постои еден феномен познат во светот на животните, кај некои видови риби, инсекти, птици и цицачи, наречен „mate choice copying“. Имено, женките на одредени животински видови, ги избираат партнерите врз основа на претходниот избор на другите жени.

Предност имаат мажјаци кои ја покажале својата вредност, бидејќи веќе биле избрани и тестирани. Овој тип на избор на партнер се користи за заштеда на време и за избегнување на ризик од погрешен избор.

Едноставно кажано, избраниот мажјак го поминал тестот или го положил испитот ако некоја женка веќе го избрала.

Eve zosto zafatenite mazi im se poatraktivni na zenite 02

Ваквиот вид на избор не се ограничува само на партнерите. Често ги избираме работите кои веќе некој ги тестирал пред нас, кои ни ги препорачуваат и сл. Постои логика дека со копирање на успешните луѓе може да се постигне успех.

Изборот на партнерот е особено тежок и значаен за жените кои, од аспект на еволутивната биологија, генерално имаат поголема пребирливост поради поголемото инвестирање на сопствените ресурси во потомството.

Овој феномен не е ист во обратниот случај. Мажите не мислат дека зафатените жени се поатрактивни од слободните.

Постојат и истражувања кои велат дека жената ќе биде попривлечна за мажот ако е опкружена со други жени, што значи дека навиките на младите девојки да излегуваат во групи и не е научно неоснована.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава