Писмо до љубовницата на маж ми: Зошто ми го зема сопругот?

„Знам парови кои не се среќни, но јас и мојот сопруг бевме среќни, блиски. Само сакам да ја разберам причината зошто имаше афера со зафатен/женет маж?“

pismo-do-ljubovnicata-na-mazh-mi-zoshto-mi-go-zema-soprugot-01.jpg

Жена која беше изневерена од страна на сопругот напиша писмо до неговата љубовница. Но, писмото предизвика дебата  поради тоа што во него таа ја обвинува љубовницата, но не и сопругот.

Писмото на изневерената жена до љубовницата на маж ѝ:

„Само сакам да ја разберам причината зошто имаше афера со зафатен/женет маж? Среде разделбата мојата 10-годишна ќерка ме праша „Зошто таа жена ни го зема тато?“

Толку невино, а сепак потресно прашање... Те молам објасни ми што доби ти од тоа?

Знам парови кои не се среќни, но јас и мојот сопруг бевме среќни, блиски. Тој беше со мене речиси секогаш. Излегувавме и пиевме заедно. Имавме ноќи за љубовни состаноци, одмори.

Само не можам да сфатам како се случи ова во овие околности?

Му годи на егото на мажот, во ред можам да го разберам тоа, но што е со жената? Знаеш дека тој лежи со неговата сопруга секоја ноќ додека со тебе само си праќа секс пораки, каде е забавата тука?

Да ја објаснам ситуацијата. Тој никогаш не се состануваше со тебе, те гледаше само на работа – НИКОГАШ викенди. Како може жена да биде среќна така?

Само допишување во текот на денот, но никогаш соодветни состаноци или ноќи, затоа што никогаш не можеше да те покани некаде.

Дали некоја жена може да биде среќна така?

Јас подобро би го потрошила моето време барајќи некој друг. Значајна врска, а не да бидам нечија алатка за поткревање на егото.“

Дел од коментарите на писмото од изневерената жена, објавено на социјалните мрежи, беа: „Твојот бес е разбирлив, но го упатуваш на погрешна личност“, „Твојот сопруг е проблемот, никој не ти го „земал“, тој сам направил избор“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава