„Младите сè помалку имаат секс, но затоа немаат проблем отворено да зборуваат за него“

Верувале или не, на Филозофскиот факултет во Загреб постои Катедра за сексологија, а последното големо истражување за потребите на истата го спровел професорот Александар Штулхофер.

Mladite-se-pomalku-imaat-seks-01.jpg

Во истражувањето се анализира влијанието на порнографијата и другите сексуализирани медиуми врз младите, нивното сексуално и репродуктивно здравје, психичката состојба како и сликата која ја имаат за себе.

Кои се најинтересните наоди од истражувањето на професорот Штулхофер?

Истражувањето траело од 2015 до 2018 година, вклучувајќи над 2200 средношколци од Загреб и Риека.

„Морам да признаам дека на почетокот бев многу загрижен. Претпоставував дека порнографијата предизвикува примарно негативни последици. На пример, го анализиравме односот помеѓу употребата на порнографски материјали на 16 години и депресивноста на 18 години. Нашето истражување е меѓу ретките во светот“.

Многу малку испитаници немале никаков контакт со порнографски материјал на 16-годишна возраст (од прилика секој 10-ти не дошол во контакт со ваков тип на материјали).

Во просек, барем во поголемите урбани средини, првиот контакт со ваквите експлицитни содржини се случува кога децата имаат околу 12 години. Но, дали ова е случајот со останатите земји на Балканот, не можеме да бидеме сигурни.

За разлика од машките испитаници, женските изјавиле дека немале пристап до порнографски материјали до нивната 16-та година. За голем дел од нив ова се пролонгира и до полнолетството.

Првиот контакт со порнографија за поголемиот дел од испитаниците бил случаен, некој им покажал нешто или налетале на вакви материјали на интернет. Подоцна, во текот на доцниот пубертет започнуваат со самостојно, активно пребарување на вакви содржини.

„Веројатно е важно да се напомнне дека повеќе од 80% од тинејџерите го користат мобилниот телефон со цел да им пристапат на ваквите експлицитни содржини“.

Младите се навистина многу отворени кога станува збор за комуникацијата со родителите на темата секс. Сепак, разговорите многу почесто се одвиваат со ќерките, отколку со синовите.

Голем дел од младите луѓе разговараат на темата секс помеѓу себе, за разлика од порано. Прашањето е колку од овие разговори се одвиваат лице в лице, а колку виртуелно.

Но, дали денешните млади луѓе, пред сѐ т.н. генерација Z се впушта повеќе во сексуални односи за разлика од постарите генерации?

Најголемиот број од истражувањата спроведени во светски рамки покажуваат дека кај младите луѓе од 18 до 28 години, зачестеноста во поглед на сексуалните односи е многу помала за разлика од порано.

Времето денеска тече навистина брзо со неверојатно темпо, сите нешта околу нас се интензивирани, постојано сме изложени на мултитаскинг, а имаме помалку време за сосредоточување и уживање во слободното време, помалку време за забава, а по сè изгледа и помалку време за секс.

Но, тоа не значи дека младите луѓе имаат помалку сексуални партнери. Сосема спротивното, што е битен факт во поглед на зголемувањето на ризикот од сексуално преносливите болести.

Значи да сумираме, младите немаат проблем отворено да зборуваат за сексот, имаат пристап до порнографски материјали од 16-годишна возраст на своите лични мобилни телефони, имаат поголем број на сексуални партнери, односно менуваат повеќе партнери, но немаат доволно секс споредено со податоците од изминатите декади.

Затоа, постојано се враќаме на фактот дека на младите им е потребна сексуална и репродуктивна едукација. И, во секој случај, би сакале да ги видиме резултатите од ваков тип на истражување во Македонија, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg