Самодоверба во кревет

samodoverba-vo-krevet-povekjeМногу пати е речено дека жената полна со самодоверба е и привлечна жена. Важи и обратното: често пати и не е привлечно ако сте исклучително несигурни.

 

Кога ќе се дојде „до кревет“, големата несигурност може сериозно да пречи.

samodoverba-vo-krevet

Личноста која е несигурна премногу е сконцентрирана на тоа во нешто да не згреши, си наоѓа многу мани, се прашува дали на партнерот/партнерката ќе и се допадне ова или она, дали ќе му пречи што има стрии, целулит, се мести да и се гледа оној дел кој таа/тој го сметаат попривлечен или барем помалку непривлечен...

И поради целата нервоза воопшто не успеваат да уживаат, а секој сака да води љубов со личност која ужива во тоа, а не со некој кој се грижи за маргинални работи. И кога некој не ужива во водењето љубов, тоа се забележува.

Можеби партнерот/партнерката ќе се преправаат во почетокот дека не забележале, во надеж дека така полесно ќе се опуштите или поради страв дека тие во нешто грешат... но ќе забележат.

А што ако вие едноставно немате самодоверба и тоа толку што ве попречува да уживате?

Можете да се обидете да се преправате дека сте полни со самодоверба, божем одлично знаете што правите. Но што ви вреди преправањето кога се чувствувате како што се чувствувате?

Може преправањето и да помогне, бидејќи така ќе делувате попривлечно отколку ако се соберете како покиснат глушец. Ќе ја видите позитивната реакција на партнерот/партнерката и таа реакција може да ве наведе да се почувствувате подобро и навистина да осетите барем дел од таа самодоверба за која се преправате дека ја имате. Со време ќе се навикнете на подоброто чувство па и навистина ќе стекнете самодоверба.

Самодовербата може да помогне, било да е вистинско или одглумено. Глумењето на самодоверба додека навистина не почнете да го чувствувате нема да им помогне на сите, но на некои... да, затоа вреди да се проба.

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg