9 причини да се ожените

pricini-da-se-zenite-povekjeБидејќи имавме бурни реакции на веста “10 причини да не се жените”, решивме да ги свртиме работите и да ги погледнеме од другата страна, односно да ги...

 

...истакнеме 10те причини зошто би требало да се ожените!

Бракот ви го продолжува животот
Една од причините зошто стапувањето во брак го унапредува вашиот живот е бидејќи ќе живеете подолго. Најразлични студии покажале дека среќно оженетите мажи живеат подолго од оние кои не се.

pricini-da-se-zenite

Бракот ви ја зголемува паричната моќ
Ви текнува на плазма телевизорот за кој толку штедевте? Ако сте оженети, веројатно до сега и ќе го поседувавте. Бракот знаќи поделба на трошоците за големите купувања. Сите вие циници кои се жалите колку трошите на жените на состаноци и цвеќиња, најчесто се чувствувате олеснето кога ќе имате екстра приход во домот. Бракот значи да си ги дозволите работите кои сами не сте можеле: подобар дом, поубава кола, поубав одмор и многу други убави работи.

Бракот ви овозможува да ја продолжите вашата лоза
Технички, не мора да бидете оженети за да имате семејство, но бракот е сепак стандардниот начин да го створите истото. Децата се тоа што ќе биде врв на вашето живеење, ништо нема да биде подобро од тоа.

Нема да умрете сами
Да, сега не го помсилувате тоа и излегувате со 20 годишна девојка, но сите знаеме дека тоа нема вечно да трае. Како би изгледало да сте сам на 60 години, кога ќе имате коса на погрешни места на телото и никој нема да сака да ве погледне? Бракот е инвестиција во вашата иднина. Ќе жртвувате некоја слатка година за изглегување и флертување, но тоа што на долг рок ќе го добиете е незаменливо.

Бракот ве прави попривлечни
Според многу истражувања, женетите мажи се многу попривлечни за останатите жени. Не, не сакаме да ви кажеме да се ожените за полесно да ги добиете другите жени, туку само дека бракот ќе ве направи попривлечни во очите на спротвиниот пол. Добивањето внимание од убави жени буди убави чувства, и ќе ви ја зголеми самодовербата.

Бракот значи и повеќе секс
Да, бракот може да значи и повеќе секс. Според статистика оженетите мажи се оние кои имаат повеќе секс од оние кои се сингл. Докажано е дека на 23% од оние кои не се во брак им се случува да бидат без секс и по 1 година, додека пак тоа им се случува само на 1% од оженетите мажи.

Бракот значи подобар секс
Сексот за една ноќ е возбудлив заради непознатото, добивање на нешто што до сега сте го немале, но штом се соблечете се наоѓате збунети затоа што не можете да ги предвидите потезите на случајниот партнер. Брачните парови се знаат многу добро, знаат што другиот сака и ги знаат фантазиите на својот партнер. Следбено, сексот во брак е подобар од сексот надвор од него. А згора на тоа, долгото познавање ги опушта партнери да прават работи кои никогаш инаку не би ги правеле.

Луѓето во брак се посреќни
Недамнешна студија на еден австралиски универзитет покажала дека оженетите мажи се посречни од оние кои не се. Впрочем, тие во просек се за 135% посреќни од оние кои не се оженети. Е тоа е бројка! Бракот му овозможува на мажот стабилност и поддршка која му овозможува да успее во останатите аспекти на животот.

Бракот те прави подобар човек
Ако сте паметни ќе одберете да бидете со жена која е интелигентна, искрена и лојална. Таква животна придружба ќе ве направи подобар човек. Таа ќе ве предизвика и ќе го извади најдоброто од вас. Преку бракот ќе го научите и вистинското значење на саможртвување и компромис. На кратко, бракот ќе ве направи подобар човек.

Би можело да ве интересира:

Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
„Под прав агол“ – секс поза што треба да ја пробате уште вечерва (18+) Станува збор за секос поза која дозволува користење секс играчки за стимулација ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg