Флертувате он-лајн?

flertuvate-on-lajn-povekjeКомуникацијата преку интернет и/или СМС пораки со личност со која можеби сакате да бидете во врска може да делува како добра идеја, само што пожелно е...

 

...што побргу да се сретнете во живо и така да го продолжите контактот.

Во спротивно, односот останува виртуелен и доаѓа како шок дека таа за која размислувате како за своја девојка нашла друг.

flertuvate-on-lajn

Можеби во живо никогаш не сте се ни сретнале, сте се запознале на некој сајт. Почнало како незначаен флерт, разговор за се и сешто, откривте дека имате многу заеднички работи, можеби сте размениле и броеви на мобилни телефони па сте комуницирале и со пораки.

Тоа сте го правеле со години, а ниту еднаш не сте се сретнале во живо и тоа не затоа што живеете во различни градови или земји па средбата е отежната. И така еден ден таа на својот Фејсбук профил има статус...во врска, но не со вас.

„Тој тип“ има една голема предност над мажот од почетокот на приказната: физички е присутен во животот на девојката.

Се осмелил со неа да има нешто конкретно. Односот преку интернет може да предизвикува емоции, некој пат многу силни, но не и да ги задоволи; задоволување може да пружи само однос во живо.

Што повеќе се одолговлекува со гледањето во 4 очи, се потешко е да се осмелите на тоа- и веројатно со таа личност никогаш нема да се запознаете, туку ќе бидете со некој кој ги презел работите во свои раце.

Сосема е во ред да запознаете некого на интернет. Интернетот е само уште едно место за запознавање, како што некого можете да запознаете во кафуле или на работа. Но, исто така како што односот нема да ви биде комплетен ако се случува само во кафуле или само на работа, така нема да ви функционира ниту однос само на нет.

Накратко: одлучете се и пријдете и/му – инаку после извесно време на нет ќе видите како засновал/а семејство со некој друг/а кој не чекал сто години.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg