15 причини зошто да одберете момче кое одбира да седи дома
Ако мислевте дека останувањето дома и забавата без гужва е здодевна, тогаш ве очекува вистинска авантура.
Постојат многу предности од врската со момче кое сака да седи дома, па погледнете неколку од нив:
Ако ве одбрал вам, сте направиле нешто неверојатно што му го привлекло вниманието
Личноста која сака да седи дома тешко ќе ја натерате да излезе. Но, штом ова момче се согласило да излезе на состанок со вас, тогаш сигурно сте направиле нешто што навистина му го привлекло вниманието.
Ако се дотера, тоа го прави за вас
Освен ако не излегувате или не чекате гости, а вашиот партнер се дотерал, тогаш тоа го направил за вас. Најчесто овие мажи ја ценат удобноста, па ретко кога одлучуваат да се средат.
Најверојатно е одличен готвач
Бидејќи овие момци ретко излегуваат, тогаш најверојатно готват, експериментираат и со текот на времето, стануваат одлични готвачи. Па ако живеете заедно, сигурно ќе ги јадете највкусните јадења.
Нема да се грижите за флертување со други девојки
Овие момци најголем дел од времето го минуваат дома, што значи мала е веројатноста да излезат и да флертуваат со други девојки. Ова момче сигурно ќе ви биде верно.
Останувајќи дома, ќе заштедите многу пари
Нема да јадете надвор, нема да трошите многу на пијачки, па ќе заштедите многу пари. Оваа заштеда, пак, ќе ја потрошите на нешто што навистина ви значи.
Одлично ја разбира потребата за личен простор
За разлика од светот надвор, во домот ретко кога има гужва. Овие мажи повеќе уживаат во свето друштво, па одлично ја разбираат потребата за личен простор.
Овој маж нема никогаш да ви замери ако сакате да бидете малку сами.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





