15 причини зошто да одберете момче кое одбира да седи дома

Најверојатно има удобен дом

Кога останувате долго време дома, сигурно ќе сакате домот да ви биде удобен. Момците кои не сакаат да излегуваат многу, добро го знаат ова.

Покрај тоа, сигурно имаат и повеќе време за чистење, па ретко кога им е расфрлано дома.

Ќе имате многу време за поврзување

Бидејќи ретко кога ќе излегувате, ќе го имате целото време на светот само за вас двајцата.

Ќе имате време да гледате нешто, да готвите заедно или едноставно, да го поминете денот прегрнати во кревет.

15-prichini-zoshto-e-dobro-da-se-gledate-so-momche-koe-saka-da-sedi-doma-05.jpg

Сигурно е претплатен на Netflix

Кога не излегувате често, имате повеќе време за филмови и серии. А, момците кои сакаат да остануваат дома, најверојатно се претплатени на Netflix и ја имаат најдобрата опрема за гледање филмови и серии.

Веројатно е експерт за книги и филмови

Овие момци често имаат хобија како читање и гледање филмови. Па, тоа значи дека од нив ќе ги добиете најдобрите рецензии и предлози.

15-prichini-zoshto-e-dobro-da-se-gledate-so-momche-koe-saka-da-sedi-doma-06.jpg

Не му треба признание од другите

За овие мажи, нивниот дом е нивниот свет. Воопшто не им е грижа што мислат другите за нив и не се ни обидуваат да ги импресионираат.

Вашиот партнер го има неговиот дом, ве има вас и не му треба ништо друго.

Имаат малку, но блиски пријатели

Само затоа што не сакаат да излегуваат често, не значи дека овие момци се асоцијални.

Тие сакаат да се дружат, но внимателно ги одбираат пријателите. Најчесто имаат само неколку пријатели, но со кои се навистина блиски.

15-prichini-zoshto-e-dobro-da-se-gledate-so-momche-koe-saka-da-sedi-doma-07.jpg

Најверојатно има и милениче

Бидејќи имаат време да му се посветат, овие мажи неретко имаат и милениче.

Ќе добивате рачно направени подароци

Речиси секој ќе признае дека рачно направени подароци значат многу повеќе од скапите.

Доколку вашиот партнер е вакво момче, најверојатно ќе добивате рачно направени, специјализирани подароци. А навистина е добро кога некој ќе вложи труд само за вас.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg