Колку минути трае добриот секс?

За 5 минути можете да направите многу работи – да испржите јајца, да ислушате добра песна, да ѝ ставете храна на мачката или, пак, можете да имате секс.

kolku-minuti-trae-dobriot-seks-01.jpg

Бидејќи, според научниците, во просек сексот не трае подолго.

Овој изненадувачки скромен резултат е добиен од Институтот за машко здравје во Хамбург. Но, што би рекле жените за ова?

Фактите зборуваат

На оваа тема навистина се зборува многу, а направени се и многу истражувања. Едно истражување има спроведено и компанијата за кондоми Durex.

За истражувањето, државите биле рангирани според тоа колку во просек трае сексот кај нивните жители.

На врвот се нашла Нигерија со 24 минути, а веднаш по неа била Грција, со 22 минути.

Франција, која инаку е позната како земја на добри љубовници се нашла на претпоследното место, со просек од 15 минути.

Сепак, истражувањето не открива дали испитаниците ја зборувале вистината. А, како што забележувате и самите, овие резултати воопшто не се поклопуваат со оние од Хамбург.

kolku-dolgo-trae-dobriot-seks-02.jpg

Прекраток секс

Додека просекот најверојатно е 5 минути, некои мажи не можат да издржат толку. Ова може да биде демотивирачко, но не би требало да ве загрижува.

Еден 42-годишен маж решил да го сподели неговото искуство со прерана ејакулација:

„Отсекогаш сум ејакулирал многу брзо, повеќето пати за само три секунди. На првата сопруга тоа не ѝ пречеше. Не се грижеше премногу за секс, а јас не знаев за друго. Но, кога ја сретнав сегашната партнерка, тоа се промени. На почетокот мислеше дека долго време сум немал секс и затоа не издржував, но потоа сфати што се случува. Но, ми помогна. Откривме трикови кои функционираат. На пример, размислувам за нешто демотивирачко за време на секс. Одеднаш сфатив дека сексот може да трае подолго.“

kolku-dolgo-trae-dobriot-seks-03.jpg

Секој има свое време

Приказната на 42-годишниот маж звучи многу пореално од 24-те минути во Нигерија. Особено ако знаеме дека се мери само времето од пенетрацијата до оргазмот.

Професор Франк Сомер од Медицинскиот факултет во Хамбург прашувал парови за траењето на токму овој чин.

Одговорот на мажите бил од 25 до 27 минути, а на жените од 12 до 15 минути.

Потоа, резултатите се проверувале и со стоперка. Веројатно претпоставувате дека имало голема разлика. Просечното измерено време било 3,11 минути.

Ова тера да се запрашате дали и мажите и жените лажат, или пак, едноставно, за време на секс поразлично го перципираме времето.

kolku-dolgo-trae-dobriot-seks-04.jpg

Предолг секс

Сепак, постојат и мажи кои издржуваат многу. Но, ова не значи дека тоа ѝ се допаѓа на секоја жена. Една 33-годишна жена ја споделила својата приказна:

„Секогаш го достигнувам врвот навистина брзо, а на партнерот му треба многу време. Кога им го кажувам ова на пријателките, тие мислат дека тоа време е луксуз во кој треба да уживам. Но, мене ми пречи. Долго ништо не му велев на момчето за да не го повредам, но потоа му кажав дека не можам толку долго. Тој мислел дека мора да издржи најдолго што може, бидејќи само тоа ми е убаво.“

kolku-dolgo-trae-dobriot-seks-05.jpg

Дали долгиот секс навистина е подобар?

Сите приказни се различни, но останува прашањето дали добриот секс е поврзан со времетраењето.

Логично е она што е убаво да сакаме да трае подолго. Кај сексот не е убав само оргазмот, туку и предиграта и самиот чин и според оваа логика, не би сакале да заврши.

Но, реалноста е поинаква. Можеби во филмовите и книгите водењето љубов изгледа прекрасно, романтично и бескрајно долго, но сепак, тоа е само фантазија.

Според истражување спроведено на колеџот Behrend во Пенсилванија, на жените им се доволно 13 минути секс. Па, слободно престанете да се грижите за тоа.

Траењето е само еден аспект од сексот, а прашањето колку долго треба да трае само создава непотребен притисок. Поважни се прашањата што сакате во сексот, што ве возбудува, што ви пречи и слично. Кога ќе ги знаете овие одговори, сè друго ќе биде во ред.

Не постои правило колку долго треба да трае сексот. Можете да уживате во брзиот секс, а можете да уживате и во долгото водење љубов. А ако сте со вистинската личност, и само 5 минути ќе ви изгледаат бескрајно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg