6 причини зошто чувствувате болка во стомакот после секс

На многу жени им се случува да почувствуваат болка во стомакот после секс.

7-prichini-zoshto-chuvstvuvate-bolka-vo-stomakot-posle-seks-01.jpg

Експертите велат дека ова е всушност болка на долниот дел од карлицата, бидејќи се чувствува поблиску до вагината.

Но, останува прашањето – Зошто се случува ова?

Положба за време на секс

Ако чувствувате болка после секс во мисионерска или „кучешка“ поза, тогаш причината може да биде длабоката пенетрација.

Во овој случај, најдобро е да пробате вие да бидете горе. На овој начин ќе имате поголема контрола над пенетрацијата и ќе ја избегнете болката.

7-prichini-zoshto-chuvstvuvate-bolka-vo-stomakot-posle-seks-04.jph.jpg

Ендометриоза

Ендометриозата е заболување каде што ткивото на матката расте и почнува да ги зафаќа околните органи. Болката во пределот на карлицата за време на и после секс е еден од најчестите симптоми.

Експертите велат дека во овој случај длабоката пенетрација предизвикува болка бидејќи органите се како споени.

За ова заболување најдобро е да се обратите кај гинеколог. Притоа обрнете внимание и на симптоми како силни болки за време на менструација и обилно крвавење.

Цисти

Многу жени имаат цисти во јајниците. Цистите се „вреќички“ исполнети со течност и се наоѓаат во јајникот или на неговата површина.

Повеќето цисти се безопасни и исчезнуваат сами. Но, во некои случаи цистите се зголемуваат и предизвикуваат болка.

Карличните цисти се малку поразлични и можат да се развијат после операција или од инфекција.

И во овој случај најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог, кој ќе ви направи ултразвук за да го дијагностицира проблемот.

7-prichini-zoshto-chuvstvuvate-bolka-vo-stomakot-posle-seks-05.jpg

Инфекција или воспаление

Вагиналните инфекции од бактериите кои обично се наоѓаат во вагината, како и сексуално преносливите болести можат да се прошират од вагината, до матката и јајниците. Ова, пак, почнува да предизвикува болка и во вагината, и во карлицата.

Оваа болка речиси секогаш е константна, а сексот може да ја влоши.

Доколку станува збор за инфекција, вашиот гинеколог најверојатно ќе ви препише антибиотици. Доколку станува збор за воспаление, најверојатно ќе добиете лекови за болка.

Положба на матката

Речиси 30% од жените имаат матка која е поставена малку погоре. Доколку и вие спаѓате овде, експертите советуваат дека нема простор за грижа.

Понекогаш оваа појава може да предизвика болка после секс, најверојатно бидејќи органите се поблиску еден до друг.

Вашиот гинеколог ќе ви помогне да откриете дали ова е причина за вашата болка. Истовремено, можете да пробате некои секс пози со плитка пенетрација.

Фиброиди

Иако фиброидите се бенигни тумори во матката, тие можат да предизвикаат болка за време на секс. Ова зависи од нивната големина и положба во матката.

Понекогаш фиброидите предизвикуваат и грчеви во мускулите – уште една причина за болка после секс.

И овојпат, решението на проблемот ќе го најдете кај вашиот гинеколог.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg