Тоа што доживеавте оргазам не значи и дека сексот бил добар - Како да ја препознаете разликата?

Лошиот секс им е познат на сите. Знаете за што зборуваме? За секс кога сте премногу уморни, премногу под стрес или лицето што лежи до вас не ве привлекува. Во ред.

toa-sto-doziveavte-orgazam-ne-znaci-i-deka-seksot-bil-dobar-kako-da-ja-prepoznaete-razlikata-001.jpg

Слушнавме за лошиот секс, но што е со „лошиот оргазам“. Тоа што доживеавте оргазам не значи и дека сексот бил добар. Како да ја препознаете разликата?

Па што точно значи тоа?

Ова се оние оргазми во кои лицето не ужива, кои не беа пријатни и што може да имаат дури и негативно влијание врз односите, сексуалноста и / или менталното здравје, велат во истражувањето во кое учествувале 726 лица.

Авторите на ова истражување се фокусирале на причините зошто личноста не уживала во оргазмот. Една од причините е да се избегне расправија со партнерот за тоа зошто немаат секс.

И тогаш личноста се согласува, но после оргазмот не се чувствува добро, бидејќи не ни сакала да има секс.

Toa sto doziveavte orgazam ne znaci i deka seksot bil dobar 02

Втора причина е што лицето се чувствува обврзано да доживее оргазам. Истражувањата покажале дека ваквиот притисок може да предизвика стрес и / или други негативни последици.

Кога постои таков притисок, крајниот резултат не може да биде толку позитивен.

Емоционална поврзаност

Други причини за „лошите оргазми“ вклучуваат здравствени проблеми што се мешаат во сексуалното задоволство. Понекогаш оргазмот е лош затоа што сексот не вклучува емотивна врска.

На крајот, може да се заклучи дека многу фактори можат да влијаат на тоа дали оргазмот бил добар или не.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава