Реченици што жената сака да ги слушне повеќе од „Те сакам“

Иако изјавата „Те сакам“ се чини како најмоќната реченица во светот, онаа што сите сакаме да ја слушнеме како потврда за љубовта, сепак се чини дека има неколку реченици што попрво би сакале да ги чуеме. 

recenici-sto-zenata-saka-da-gi-cue-poveke-od-te-sakam-01.jpg

Изјавата „Те сакам“ ни дава надеж дека имаме место во нечие срце, дека сме важни во неговиот живот. 

Обично, ова е фраза што ја користиме за да изразувиме допаѓање за нечие однесување, изглед, сите добри, помалку добри, совршени, но и несовршени мали нешта што ја сочинуваат личноста. Сите сакаме да бидеме сакани, но сакаме уште повеќе кога љубовта се докажува преку конкретни примери.

Ова се 6 реченици што жените сакаат да ги чујат повеќе од „Те сакам“:

1. Ќе ти простам

Ќе ти простам за несовесните зборови по напорниот ден.

Ќе ти простам за сите оние ситуации во кои не бевме ни свесни за тоа колку се повредуваме.

Ќе ти простам за сите големи и мали работи.

2. Ќе се жртвувам за тебе

Ќе го жртвувам своето време за нешто што сакаш да го направиш.

Ќе останам со тебе додека се грижиш за нашето бебе ноќе, иако треба да одам на работа наутро.

Ќе направам нешто убаво за тебе, бидејќи си настината.

recenici-sto-zenata-saka-da-gi-cue-poveke-od-te-sakam-04.jpg

3. Ќе те почитувам

Ќе те почитувам за сè што си ти.

Ќе ги почитувам твоите чувства, мислења и личност.

Ќе ги исполнам твоите соништа и желби.

4. Ќе те поддржувам

Секогаш ќе те поддржувам.

Можеш да се потпреш на мене.

Кога ќе паднеш, ќе ти помогнам да станеш.

recenici-sto-zenata-saka-da-gi-cue-poveke-od-te-sakam-02.jpg

5. Ќе те заштитувам

Ќе ја заштитам нашата љубов.

Ќе бидам твое безбедно „пристаниште“.

Ќе бидам некој на кого секогаш ќе можеш да му веруваш.

6. Секогаш ќе бидам среќен што си со мене

И додека во еден идеален свет, сите овие изјави треба да доаѓаат заедно со љубовта, повеќето од луѓето остануваат во врски со луѓе што им простуваат, што ги поддржуваат, ги креваат кога паѓаат и кои се многу повеќе од само „Те сакам“.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg