5 навики што мажите не треба да ги заборават кога ќе се оженат

Дали и вие се „топите“ кога ќе видите возрасен пар кој се држи за раце или прегрнато шета по улица?

5-naviki-shto-mazhite-ne-treba-da-gi-zaboravat-koga-kje-se-ozhenat-01.jpg

Посакувате ли и вие со партнерот засекогаш да ја имате истата хемија и искра како на почетокот? Тогаш не дозволувајте тоа да се промени... 

Она на што денес многумина се восхитуваат е гледање на постара брачна двојка на улица што ја покажува нивната блискост на најбанален чин - држење за раце. 

И токму допирот на дланките е првото нешто што мажите во брак го игнорираат, а за што многу од жените се нервираат. 

Малите нешта што ниту еден маж не смее да престане да ги прави кога ќе стапи во брак можеби делуваат банално, но истите се важни за жените и искрата во бракот. 

1. Држење за рака

Наједноставниот чин на заедништво што паровите го одржуваат на почетокот на врската е држење за раце. Иако ова звучи банално, важноста на овој допир е сосема оправдана.

Поточно, едно истражување вели дека луѓето изложени на стресни ситуации покажуваат пониска доза на стрес кога се држат за рака со својот партнер. Допирот предизвикува ослободување на хормоните на среќа.

5-naviki-shto-mazhite-ne-treba-da-gi-zaboravat-koga-kje-se-ozhenat-002.jpg

2. Одење рамо до рамо

Со текот на годините мажите го губат заштитничкото чувство за жените, имено чинот на победа го задоволува чувството за постигнување на цели.

Затоа не изненадува што мажите понекогаш имаат навика да ја заборават својата сопруга во јавност кога вршат заеднички задачи, и наместо да одат покрај неа, брзаат неколку чекори напред.

3. Отворање на вратата

Според бонтон, соодветно е мажот да ѝ ја отвори вратата на жената доколку доаѓаат заедно кон автомобилот или влегуваат во некоја просторија. Сепак, бонтонот вели дека не во секоја ситуација треба мажот да го прави тоа, бидејќи некогаш треба тој прв да влезе (како на пример во просторија полна со многу луѓе). Сепак во одредени ситуации, добро е мажот да биде господин и да ја отвори вратата за сопругата, иако одамна ја освоил. 

5-naviki-shto-mazhite-ne-treba-da-gi-zaboravat-koga-kje-se-ozhenat-003.jpg

4. Заедничко патување

На почетокот на врската секоја двојка вклучува и сеќавања од одредени патувања. Истражувањата покажуваат дека токму жените ги планираат патувањата, додека мажите ги сметаат истите за неважни, што е сосема погрешно.

5-naviki-shto-mazhite-ne-treba-da-gi-zaboravat-koga-kje-se-ozhenat-04.jpg

5. Чистота и хигиена

Со привлечен мирис, чисти и уредни – такви се мажите на почетокот на врската, односно во текот на процесот на освојување на жената од нивните соништа. Но се чини дека прстенот на раката ги ослободува од секоја потреба да се грижат за себе во тој сегмент.

Поконкретно, многумина очекуваат нивната сопруга да се грижи за чиста облека, искинати чорапи и слично, но, овие мали нешта се најчестите причини за расправии во бракот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg