Брак без секс?!

brak-bez-seks-povekjeТие двајца се веќе долго време заедно. Можеби се венчани, можеби не, но со години се заедно. Одлично се сложуваат. Се сакаат, нема караници...

 

...помеѓу нив, барем не поголеми; на сите кои ги знаат им личат на идеален пар.

brak-bez-seks

Во нивната врска сè функционира одлично, освен една работа: не водат љубов, или попрецизно - нема секс. Уживаат во нежностите, во петингот – но, вистински секс нема. Оваа појава се нарекува неискористен брак или неискористена сексуална врска.

Во случај на неискористен брак постои сексуална желба. Постои силна сексуална привлечност помеѓу партнерите. Но, не доаѓа до вистински секс.

Паровите со ваков проблем сосема се навикнуваат на тоа, за тоа не зборуваат и би можеле така до века...доколку не сакаат деца. Дури кога ваквите парови ќе побараат стручна помош ќе дознаат дека не се единствените со ваков проблем.

Причината за вакво пореметување потекнува од стравот на жената од пенетративен секс. По правило, тие немаат никакво искуство со пенетративен секс и си замислуваат дека тоа многу ќе боли.

Затоа, кога ќе дојде до пенетрација толку многу се згрчуваат што пенетрацијата е невозможна. Не помага ни тоа што жената се согласила на сексуален однос, ниту тоа што патрнерот не ја присилува – стравот е преголем и грчот е пресилен.

Овие жени најчесто биле „татини девојчиња“, мали принцези за кои ниту едно момче не било доволно добро. Во такви семејства мајките се студени личности кои и самите имале проблеми со сопствената сексуалност.

Во случај да забележите ваков страв кај себе, на време консултирајте се со стручни лица. Подобро е да се спречи отколку да се лечи.

И на крајот на краиштата, колку долго може да трае брак без секс?

Би можело да ве интересира:

Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg