Хоакин Феникс и Руни Мара ќе станат родители – Кои лекции можеме да ги научиме од прекрасниот холивудски пар?

Според гласините, Хоакин и Руни го очекуваат нивното прво дете. Се верува дека 35-годишната актерка е веќе во шестиот месец од бременоста, и дека детето ќе се роди кон крајот на летото.

ljubovni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-hoakin-feniks-i-runi-mara-01.JPG

Руни и 45-годишниот актер моментално се изолираат во нивниот дом во Лос Анџелес и сè уште се немаат огласено за новостите, но на 10-ти мај, младата актерка беше забележана со широка блуза, под која веројатно го крие трудничкото стомаче.

koi-lekcii-mozheme-da-gi-nauchime-od-hoakin-feniks-i-runi-mara-02.jpg

Откако Хоакин го привлече вниманието на јавноста со улогата во „Joker“, но и заслужениот Оскар за истата, светот почна да зборува за неговата врска со колешката Руни Мара.

И има причина за тоа – актерите изгледаат како највљубениот холивудски пар, а хемијата меѓу нив е повеќе од очигледна.

Па, сигурно можеме да научиме нешто за љубовта од нив двајцата  - на кои лекции нè учат?

Не плашете се да го направите првиот чекор

Руни му го привлекла вниманието на Хоакин уште кога соработувале на филмот „Her“. Но, актерот бил убеден дека не ѝ се допаѓа, па се плашел да ѝ пријде.

Од друга страна, и Руни се чувствувала исто, но била премногу срамежлива.

„Таа е единствената девојка што сум ја пребарал на интернет. Бевме само пријатели. Никогаш не сум го направил тоа. Никогаш не сум пребарувал девојка онлајн“, изјави актерот за неговата сакана.

ljubovni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-za-hoakin-feniks-i-runi-mara-02.JPG

Понекогаш само треба да бидете тука за вашиот партнер

Актерот долго време се справува со анксиозност, а кога ќе земете предвид дека е јавна личност, ова дефинитивно му претставува голем проблем. Но, Руни е секогаш овде за него и во секој момент му ја дава потребната поддршка.

Всушност, погледнете фотографии од кој било настан на кој присуствуваат двајцата и ќе забележите колку се грижат еден за друг.

ljubovni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-za-hoakin-feniks-i-runi-mara-03.JPG

Ако сметате дека таа личност е вистинската, не ја испуштајте

Актерите се верија во 2019-та, а во 45 години живот, ова му било првпат на Хоакин да го постави големото прашање.

Интересно е што фановите не ни очекуваа актерите некогаш да се верат, но изгледа и двајцата само го чекале вистинскиот партнер.

ljubovni-lekcii-shto-mozheme-da-gi-nauchime-za-hoakin-feniks-i-runi-mara-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава