Работи што силните жени не ги толерираат кај мажите

Додека некои жени можат да се потчинуваат на својот партнер за да го одржат мирот, силната жена одбива да биде малтретирана.

Silna zena nema da gi tolerira ovie raboti kaj mazite 01

Таа ја знае својата вредност и нејзините постапки зборуваат многу погласно од зборовите.

Овие работи секоја силна и достоинствена жена, која знае што сака, едноставно нема да ги толерира кај мажите:

Маж кој не ја почитува

Таа знае да се шегува и да прима конструктивна критика, но тоталното непочитување кон неа ќе ве отстрани толку брзо од нејзиниот живот, што буквално нема да знаете што се случило.

Маж кој нема мотивација да се подобри себеси или својот живот

Ако не работите на тоа да го извлечете најдоброто од овој живот, тогаш силната жена не е за вас. Освен ако немате слични цели и практичен начин на размислување, нема да го освоите нејзиното срце.

Маж кој ја искористува

Нејзиното срце е злато и додека имате добри намери, таа ќе ве поддржува до крај. Меѓутоа, кога ќе забележи дека сте ги искористиле сите придобивки, брзо ќе ве „смести“ во минатото.

Маж кој не се сака себеси

Можеби звучи како клише, но силната и достоинствена жена нема да ве цени многу, освен ако не се цените себеси. Толку е едноставно.

Silna zena nema da gi tolerira ovie raboti kaj mazite 02

Маж без цел

Како таква жена, таа сака да преживее и да успее. Ова бара да се грижите за работите што ги правите и да имате одредена цел и смисла во животот. Ако ви недостасува овој животен мотив, можете да заминете.

Материјалист

Сите ние сакаме материјални работи, но силната жена сфаќа дека има поважни работи во животот кои не се материјални. Ако не можете да ја видите вредноста во тоа, не сте човек за неа.

Маж без карактер

Кога разговарате со неа, монотониот одговор со само два збора докажува само една работа: ви недостасуваат став и карактер.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg