Пред да ја изневериш, знај го ова...

pred-da-ja-izneverish-znaj-go-ova-01.jpg

Ќе ја скршиш.

Како кога стаклена чаша паѓа и се разбива од земјата.

Нема само да ѝ го скршиш срцето.

Ќе ѝ ја скршиш довербата

Ќе ѝ го скршиш духот.

Ќе ѝ ја убиеш радоста.

Ќе ѝ ја уништиш вербата во љубовта.

Ќе ѝ ја скршиш самодовербата.

Пред да ја изневериш, знај го ова:

Нема да спие по цела ноќ, ќе ги брои пукнатините на ѕидот, ќе бара одговори.

Нема да јаде затоа што стомакот нема да може да ѝ ја свари реалноста. Сликите од твоето неверство ќе ја прогонуваат во главата и ќе ѝ бидат кошмар.

Нема да се смее затоа што нема да чувствува дека има причина за смеа.

Пред да ја изневериш, знај дека:

Тоа ќе ја научи да не верува кога некој ќе ѝ каже дека е убава, брилијантна, му значи сѐ на светот и е љубовта на неговиот живот, таа ќе се чувствува недоволна.

Ќе верува дека не е доволно добра за да задоволи комплетно нечии потреби за тој да не посегне по друга жена.

Пред да ја изневериш знај дека:

Таа ќе плаче.

Ќе се срами од солзите и тивко ќе ги брише од очите.

Ќе го притиска образот до тепихот легната на земја. Ќе има грутка во грлото секоја пат кога ќе минува на местата на кои некогаш заедно сте оделе.

Ќе биде бесна. Ќе пука за момент. Ќе излегува од контрола. Образите ќе ѝ горат од бес и срам.

Ќе те проколнува додека мие заби и ќе се прашува дали ако беше поубава, позабавна, попаметна немаше да ја изневериш.

Ќе вреска прашувајќи се што сторила за да заслужи да се чувствува вака ужасно.

Таа дури и ќе затапе за емоции. Нема да чувствува ништо.

Од состојба на шок ќе стане камен. Ќе изгради ѕидови за никој да не ѝ се приближи.

... Зарем тоа го сакаш? Зарем тоа ѝ го посакуваш?

И запомни таа веруваше во тебе, во твојата искреност, во твоите зборови, во твојата љубов.

Те молам запомни го тоа...

Извор

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg