Време ли е за брак?
Дури и популарниот филм „Невестата бегалка“ со две мега ѕвезди во главните улоги, Џулија Робертс и Ричард Гир, не успеа да го смени мислењето дека...
...не се само мажите тие што долго размислуваат и и што е можно повеќе го одложуваат стапувањето во брак.
Сè повеќе има независни млади жени кои се одлучуваат да го почекаат вистинскиот момент и не брзаат да запловат во брачните води.
Дали е тоа последица на машкото однесување?
Во денешно време, двајца млади луѓе и покрај тоа што се во долга и хармонична врска која ја карактеризира долгогодишна љубов, имаат дијаметрално спротивни размислувања за бракот.
Додека еден од нив е подготвен и едвај чека да го изусти судбоносното „да“, другиот се двоуми и на неизбежната реченица „Ајде да се венчаме!“, потполно неочекувано одговара „Не“.
Понекогаш се работи само за легитимна потреба на едниот партнер да добие во време за да се подготви психички за тој значаен чекор.
За жал, другата страна тоа го толкува како најгрубо одбивање, што е всушност огромна грешка кога двосмисленото „не“ ќе се разбете како дефинитивно „никогаш“.
Тогаш се будат контраверзни емоции, чувство на излажаност и отфрленост, лесно се губи самопочитта и самоконтролата, а длабокото разочарување и бесот се истураат врз партнерот.
Со искрен разговор за личните стравувања и сомнежи може да се надминат несогласувањата, па дури и оние што настанале поради закажување на денот за венчавка.
Каква одлука и да донесете, таа мора да биде плод на заеднички договор, а не на наметнато мислење без разлика од која страна.
Најважно е секоја страна да ги објасни своите причини, како и тоа што очекува од бракот и секако да постои подготвеност од другата страна за сослушување на аргументите. Потоа судбоносното „да“ нема да изгледа како тешка и долгогодишна казна.
Би можело да ве интересира:





