Маж со два полови органи, постојано сексуално навлажнување - 3 чудни сексуални девијации

Кога ќе чуете дека некоја жена доживува 90 оргазми во час или маж кој е константно возбуден и никако не може да ја смири ерекцијата и не ви звучи така лошо, но реалноста е поинаква.

mazh-so-dva-polovi-organi-postojano-seksualno-navlazhnuvanje-3-chudni-seksualni-devijacii-01.jpg

Со какви сексуални нарушувања се соочуваат некои луѓе низ светот?

Вистината е дека луѓето со сексуални девијации имаат големи проблеми. Навистина е тешко да се биде во нивна кожа.

Сексуални девијации кај луѓето:

Момчиња со два полови органи

Некои момчиња се раѓаат со два пениса. Ова е многу ретко генетско нарушување (1 во 5 милиони луѓе) и најчесто се решава веднаш по раѓањето со хируршка интервенција.

Инаку, во 2014 година еден маж напишал и книга „Double Header: My Life with Two Penises“ во која говори отворено за животот со два пениса, бидејќи неговите родители не го оперирале по раѓањето поради страв од можни компликации. Пишува и за неговиот сексуален живот и открива дека неговите два пениса функционираат.

Синдром на сексуално навлажнување

Звучи добро, но реално влијае негативно врз квалитетот на животот. Жените со овој синдром може да доживеат оргазам секаде и во секое време, работа, супермаркет, кино...

Кели од Канада која страда од ова нарушување вели дека навистина е тешко 24 часа да сте на работ на оргазам, таа вели дека не може ниту да спие, ниту да работи, ниту да мисли смирено.

Досега докторите немаат пронајдено лек за ова нарушување.

mazh-so-dva-polovi-organi-postojano-seksualno-navlazhnuvanje-3-chudni-seksualni-devijacii-02.jpg

Константна ерекција

Мажите кои страдаат од ова нарушување имаат болна ерекција која може да трае и до 4 часа. Нарушувањето нема врска со сексуалната желба и не исчезнува дури и по ејакулацијата.

Ако веднаш не се обратат на доктор овие мажи може да доживеат трајно оштетување на пенисот во првите 24 часа.

Најсериозните случаи може да завршат дури и со ампутација на пенисот. Инаку оваа појава се поврзува со некои невролошки и крвни болести.

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg