17 работи за сексот кои можеби нема да ви се допаднат, но добро е да ги знаете

Се прашувате дали личноста со која ќе ја изгубите невиноста ќе треба да ви остане засекогаш пријател или во сеќавање? Не, апсолутно не мора.

17-raboti-za-seksot-koi-mozebi-nema-da-vi-se-dopadnat-no-dobro-e-da-gi-znaete-01.jpg

Дали сексот се менува кога сте во брак? Дали е во ред тој да не ве бакнува за време на секс?

1. Менувањето пози за време на сексот не тече секогаш совршено. Понекогаш е смешно, но во секој случај забавно.

2. Дечкото со кого имате секс може да ве возбудува максимално, но тоа не е гаранција дека ќе доживеете оргазам.

3. Некои фраери прават сè за да избегнат користење кондом. Но, вие мора да инсистирате на заштита.

4. Потребата за користење лубрикант не значи дека партнерот не ве возбудува.

5. Не се сите совесни партнери. Постојат луѓе кои лажат дека немаат сексуално преносливи болести.

6. Оргазмот не се постигнува така лесно како на порно филмовите.

7. Сите потајно се прашуваме дали сме добри во кревет.

8. Долг секс не значи подобар секс. Некогаш брзиот секс е далеку пострастен од секс маратон.

17-raboti-za-seksot-koi-mozebi-nema-da-vi-se-dopadnat-no-dobro-e-da-gi-znaete-02.jpg

9. Најчесто пречката за постигнување оргазам е во нашата глава.

10. Сексуалниот вкус ќе ви се менува низ годините.

11. Не мора да значи дека сексот ќе ве зближи со личноста. Исто како што можете да бидете супер блиски со некој со кого не сте спиеле никогаш.

12. Личноста со која сте ја изгубиле невиноста не значи дека ќе има посебно место во вашиот живот.

13. Ако доживеете оргазам, тешко веројатно е тоа да биде во исто време со партнерот.

14. Некои мажи едноставно не сакаат да се бакнуваат за време на секс.

15. Понекогаш ќе бидете уморни за да имате секс. Повеќе би сакале да спиете отколку да бидете интимни со партнерот.

16. Да, постојат мажи кои не можат да постигнат ерекција со кондом. Но, тоа не е ваш проблем.

17. Да, сексот се менува со годините – исто како што се менувате и вие.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg