Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Жена ми постојано ме одбива за секс, навистина сум исфрустриран“

„Ја сакам и среќен сум што сум нејзин сопруг, но се чувствувам патетично кога треба да чувствувам благодарност што прифатила секс со мене. Сметам дека треба да се чувствува виновно што ме одбива постојано...“, вели очајниот сопруг.

 zhena-mi-postojano-me-odbiva-za-seks-navistina-sum-isfrustriran-01.jpg

Откако Ивон Вокер ја раскажа својата приказна за Dailymail дека по 20 години брак навистина нема желба за секс, сега нејзиниот сопруг Бен Вокер се исповеда на темата (имињата им се променети).

Тој вели дека неговата сопруга треба да се чувствува виновно што не сака да има секс со него.

Исповедта на очајниот сопруг:

„Неодамна мојата сопруга јавно се исповеда и призна дека не сака повеќе да има секс со мене. Ниту еден маж нема да биде среќен да добие таква информација, но искрено јас не бев изненаден, знам дека жените си зборуваат отворено на таа тема, иако кружи мислењето дека само мажите го прават тоа.

Но, сега и јас ќе кажам што мислам... Се оженив со прекрасна жена која ја обожавам и која ме направи неверојатно среќен. Во најголем дел од животот имавме одличен секс. Таа сѐ уште е многу атрактивна, но кога станува збор за сексусалниот живот во најголем дел од времето не сака да има ништо со мене.

Свесен сум дека има хормонални промени кои ѝ влијаат на желбата, не го сфаќам тоа лично, но сепак не можам да се преправам дека не ми пречи. Всушност, ме фрустрира затоа што сѐ уште ми е привлечна и секси, а треба да се преправам дека не ми е за да не ја вознемирам.

Не е дека немаме воопшто секс веќе, но тоа стана мноогу ретко. Еднаш или два пати месечно. Јас иницирам, но таа ми вели „не“ и на крај двајцата се чувствуваме лошо. Веќе полека кревам раце и оставам таа да ми каже кога е расположена.

Ја носев дури и на романтични патувања, вечери со свеќи, но на крајот таа само сака да се милува во креветот, а мене тоа ми е фрустрирачко затоа што сакам нешто повеќе.

Искрено, кога се венчавме си дадовме ветување еден на друг, а верувам дека тука спаѓа и сексот. Никогаш не сум бил неверен, но другите жени почнуваат да ми изгледаат сѐ попривлечно во последно време.

Знам дека неверството не го решава проблемот затоа што се сакаме и долго сме заедно, но во искушение сум да си исполнам некоја своја фантазија.



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg