„Маж ми очекуваше секс, но јас само сакав да си ги облечам памучните пижами и да спијам“

„Кога бевме во врска со сопругот имавме секс секој ден, но сега, по 20 години брак, навистина не сум расположена за тоа и повеќе уживам во шолја топло чоколадо отколку во секс“ - раскажува една жена за DailyMail и го кажува она за кое многу жени немаат храброст да проговорат.

mazh-mi-ochekuvashe-seks-no-jas-samo-sakav-da-si-gi-oblecham-pamuchnite-pizhami-i-da-spijam-01.jpg

Нејзината исповед:

„Минатата седмица мојот сопруг ми го приготви омиленото јадење, ми кажа колку е горд на мене и ми се извини што ме земал здраво за готово.

Се изненадив затоа што тој не е познат по спонтаното изразување на емоции, освен кога гледа фудбал. Ме потсети зошто се омажив за него – тој е добар, секси, привлечен и одлично готви.

Но, наместо да сум среќна за изненадувањето, јас се грижев за тоа што следи. Романтичните вечери треба да завршат во спалната соба. Но, јас само сакав да си ги облечам моите памучни пижами и да заспијам.

Наместо да уживам во оброкот, јас ја минав вечертата мислејќи како тактички да се извлечам потоа.

Извинете, но навистина чувствувам притисок од тоа дека треба редовно да имам секс.

Во брак сме веќе 20 години, но јас веќе имам 47 години и нивото на хормони не ми е така високо повеќе. Искрено повеќе уживам во шолја топло чоколадо отколку во секс.

Единствен пат кога мислам на секс е кога маж ми ќе ја спомене темата. И следното што го помислувам е: „Кој изговор да го пронајдам овојпат?“

Не е дека никогаш немаме секс, имаме одвреме навреме затоа што знам дека тоа го прави среќен и за да не ми пропадне бракот.

Понекогаш сум загрижена дека мојот сопруг ќе отиде и ќе побара интимност на друго место, иако инсистира дека една жена му е доволна на секој маж.

По сексот тој е најсреќниот човек на светот, си свирка, оди на пазарење и не е намќорест кон мене. Се чувствувам виновно што му ја одземам омилената активност.

Се обидувам да му надоместам со бакнежи и прегратки, но тој не е голем фан на тоа.

Тој ме засмејува, интелигентен е и добар во кревет, само јас едноставно ја изгубив желбата. Кога се запознавме имавме многу редовно секс, еднаш на ден.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg