Што не и се кажува во кревет?

5-komentari-koi-taa-ne-saka-da-gi-slusne-vo-krevet-povekjeВо текот на сексот, секому се случува да му се испушти некој несоодветен коментар. Дали случајно или намерно, не е важно. Постојат одредени...


...изјави кои жените не сакаат да ги чујат во креветот по ниту една цена.

Имајте на ум да не ви се испушти некој од следниве коментари:

5-komentari-koi-taa-ne-saka-da-gi-slusne-vo-krevet

1. А, ти да се потрудиш малку, а? Таа лежи на креветот, а само ако е добро расположена испушта по некој звук и ве допира по грбот. Проблемот е очигледен. Но, нема ништо да постигнете ако го споделите на овој начин. Предложете промени, но не ставајте акцент на нејзиниот лош перформанс. Направете тоа да звучи како заедничко откривање на нешто ново.

2. Зошто на вас жените ви треба толку време за да постигнете оргазам? Едноставно нешто е вродено, а со ова прашање и давате до знаење дека поприлично сте се помачиле за да ја задоволите... што не е нејзин проблем туку ваш. Коментарите од овој тип задржете ги за себе и потрудете се во кревет. Таа не мора да се чувствува одговорна или виновна за вашиот лош обид.

3. Ахаам... ова сигурно ти го покажал бившиот... Таман кога сака да ви покаже нешто ново и инвентивно во кревет, се појави вашата љубомора. Кој ја научил? Знаете дека не сте и прв? Можеби тој бил подобар од мене? Наместо позитивно да гледате на фактот и да уживате во моментот кога таа сака да биде покрај вас, вие ја зафркнувате работата. Алооо – никој не прави љубоморни сцени во кревет!

4. Си заборавила да ги избричиш нозете. Освен ако вие не планирате да и помогнете во тоа, задржете го коментарот за себе. Да имала време и да се сетила, ќе го направела тоа и сама. Негативните коментари за време на сексот влијаат на нејзината самодоверба и се појавува несигурност, а последично се губи и желбата за секс.

5. Си качила некое килце? Жените секогаш се повеќе критични кон своето тело од мажите. Дури и кога се коментира изглед на друга жена. Вашиот коментар за нејзините вишок килограми не звучи како шега дури и кога е кажан со таква намера. Некои нешта едноставно не се кажуваат на жените – а, ова е една од нив!

Би можело да ве интересира:

„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg