„Кога сексот е добар и многу години подоцна“: 9 тајни од паровите кои се заедно долго време

„Ја почнуваме предиграта надвор од спалната, некогаш уште рано наутро. Се смееме на нашите мали авантури, а ако имате секс со насмевка, тогаш сѐ ќе биде добро во вашиот брак.“

9-iskreni-ispovedi-na-parovi-koi-se-dolgi-godini-zaedno-a-s-ushte-imaat-odlichen-seks-01.jpg

На почетокот од врската сексот е возбудлив и инспиративен, но во долгите врски и браковите тој како да станува рутина.

Почнува да владее монотонија и сѐ се одвива според одреден редослед.

Ова дефинитивно е грешка и мора да внесете свежина во сексуалниот живот без разлика колку многу години сте заедно.

Тајни од парови кои велат дека сексот им е одличен и по години минати заедно:

„Јас и сопругот сме заедно од 16 години, а во брак сме веќе 20 години. Огнот во нашиот сексуален живот го одржуваме со помош на еротски прашања, односно јас го прашувам каква долна облека сака да носам, тој ме прашува каде надвор од спалната соба би сакала да имам секс.“

„Тајната на нашиот сексуален живот е експериментирањето. Купуваме секс играчки, ги менуваме границите на тоа што е дозволено и пробуваме сѐ што би можело да биде интересно.“

„Ја почнуваме предиграта надвор од спалната, некогаш уште рано наутро. Се смееме на нашите мали авантури, а ако имате секс со насмевка, тогаш сѐ ќе биде добро во вашиот брак.“

„Нашата тајна е потсетувањето на времињата кога бевме млади и на тоа како започна сѐ. Лесно е да се заборави на тоа во хаосот на обврските од секојдневието. Тоа ни ја враќа страста.“

„Постојано смислуваме нови начини за задоволување и отворено дискутираме за тоа.“

Уште 4 исповеди на следната страна...



Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg