10 однесувања заради кои го одржувате „вечно“ сингл статусот

Постојано „паѓате“ на ист тип на партнер кој знаете дека не е добар за вас, претерано анализирате, имате нереални стандарди – грешки во однесувањето заради кои сте предолго време сингл.

10-odnesuvanja-zaradi-koi-go-odrzhuvate-vechno-singl-statusot-01.jpg

Нема ништо лошо во тоа да бидете слободни одреден период, да се спознаете себеси и да се посветите на сопствените потреби, но ако тоа трае предолго, веројатно има некоја причина за тоа.

Секој носи сам одлуки за својот живот, но многумина ќе потврдат дека животот во пар е прекрасен, а за тоа е клучно да го најдете вистинскиот партнер.

Додека се случи тоа, сосема е оправдано и пожелно да бидете слободни наместо во токсична врска и да ги спознаете убавините на сингл животот.

Сепак, доколку сингл статусот ви трае предолго, а се обидувате да го смените, или пречесто врските ви завршуваат неславно, можеби има причини и грешки во вашето однесување кои придонесуваат за тоа.

Добро преслушајте се и проверете дали е можно овие однесувања да ве спречуваат да влезете во сериозна врска:

1. Никогаш не учите од сопствените грешки и завршувате со ист тип на погрешен партнер, кој по одредено време ве остава или го оставате.

10-odnesuvanja-zaradi-koi-go-odrzhuvate-vechno-singl-statusot-02.jpg

2. За вашиот сингл статус причина наоѓате во тоа дека веќе нема добри мажи/жени.

3. Имате нереални стандарди и сакате совршен принц/еза од бајките – не постојат такви, а ниту вие не сте совршени.

4. Не верувате во чувствата кои ви ги искажува другата страна, секогаш мислите дека лаже, ве изневерува или ќе ве остави.

10-odnesuvanja-zaradi-koi-go-odrzhuvate-vechno-singl-statusot-03.jpg

5. Претерано ги анализирате работите и постапките кои ги прави потенцијалниот партнер.

6. На почетокот се прикажувате во погрешно светло, а потоа целосно се менувате – бидете свои од самиот почеток.

10-odnesuvanja-zaradi-koi-go-odrzhuvate-vechno-singl-statusot-04.jpg

7. Не се справувате со вашите проблеми или товар кој го носите од минатото, а знаете дека влијае на вашата сегашност.

8. Се задоволувате со кратки авантури и секогаш тргате со помислата „нема да ми биде маж/жена“.

10-odnesuvanja-zaradi-koi-go-odrzhuvate-vechno-singl-statusot-05.jpg

9. Имате ниска самодоверба и бегате од какви било средби, па треба сериозно да поработите на ова – сите сме прекрасни на свои начин и сите имаме сродна душа.

10. Воопшто не се трудите да најдете некој за сериозно, а во поголемиот дел од времето се опседнувате со мисли дека засекогаш ќе бидете сингл – и навистина ќе биде така ако не преземете нешто.

10-odnesuvanja-zaradi-koi-go-odrzhuvate-vechno-singl-statusot-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg