7 најлоши навики на паровите кои им ја „убиваат“ љубовта, откриваат терапевтите

Грешка 1: Целото заедничко време го минуваат во кревет гледајќи телевизија или зјапајќи секој во својот телефон. Тие се исклучени, не се присутни во мигот и не се поврзуваат еден со друг.

7-najloshi-naviki-na-parovite-koi-im-ja-ubivaat-ljubovta-otkrivaat-terapevtite-01.jpg

Терапевтите за врски се среќаваат со секакви проблеми во врските и во разговори со нивните клиенти откриваат кои се најлошите навики што им ја убиваат љубовта на паровите.

Најлошите навики на паровите:

Целото заедничко време го минуваат во кревет гледајќи телевизија или зјапајќи секој во својот телефон

Тие се исклучени, не се присутни во мигот и не се поврзуваат еден со друг. Наместо да имаат квалитетно време минато заедно, кое вклучува и секс, тие приоритет ѝ даваат на серијата на ТВ или на социјалните мрежи.

„Подобро би било да си пуштат музика, да се масираат еден со друг и да се ослободат од стресот“, порачува психологот и секс терапевт Шенон Чавез.

Постојано се прекинуваат еден со друг

Навиката да го прекинувате партнерот среде реченица му покажува дека вие не го цените и тој се чувствува неважно и несакано.

Подоборете ја комуникацијата со него така што ќе слушате повнимателно и ќе користите фрази од типот „Може ли сега јас да ти го кажам моето мислење?“.

Се губат во врската

На почетокот од врската е убаво кога си го посветувате целото време на светот еден на друг, па дури и запоставувате некое индивидуално хоби, пријателства или рутини, но не е во ред да бидете преокупирани долгорочно со врската и да изгубите интерес за вашите пријатели, за работите што сте ги правеле претходно и за личните интереси.

Тоа е рецепт за појава на здодевност и презаситување еден од друг во врската. Во ред е да имате свои потреби, желби и навики.

7-najloshi-naviki-na-parovite-koi-im-ja-ubivaat-ljubovta-otkrivaat-terapevtite-02.jpg

Очекуваат партнерот да биде читач на мисли

Во ред е што сакаме партнерот да ги разбира нашите потреби, да се чувствуваме видени, разбрани и да ни покаже дека се грижи за нас, но не е во ред да имаме преголеми очекувања дека тој треба да ни ги чита мислите.

Не значи дека ако тој не знае што мислите за нешто, тогаш не ве сака или не сте му важни. Престанете со негативните претпоставки и отворено кажувајте му ги работите.

Опседнати се со тоа да бидат во право

Тешко е да се има продуктивна дебата ако двајцата сте убедени дека е поважно да бидете во право, отколку да го решите проблемот, кој е причината за кавгата.

Разберете дека вие сте тим, слушајте внимателно и обидете се да се ставите во туѓата кожа. Кажувајте што чувствувате и прашувајте го и партнерот како се чувствува.

Не одвојуваат време за нив

Со децата, обврските и работата, паровите забораваат дека треба да минат одредено време заедно.

Не чекајте совршен миг, туку дадете си задача дека на пример барем половина час во денот мора да си се посветите еден на друг комплетно.

Избегнуваат чувствителни теми

Некои теми како да ги заплашуваат паровите, немаат доволно доверба да кажат што чувствуваат од страв да не бидат одбиени или посрамотени.

Вселувањето заедно, имањето деца, заедничката иднина се деликатни теми за дискусија, но сепак мора да се зборува за нив, за кај ниту еден од партнерите да не се таложат фрустрации.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Која е улогата на брачното советување и како може да ви помогне? Брачното советување е вид терапија која има за цел да им помогне на паровите да ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
8 неочекувани работи кои посочуваат дека вашиот брак нема да трае засекогаш Научници ги анализирале браковите на 373 двојки во период од 16 години. До 16-та...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
„Ја изневерувам жена ми 11 години - ќе ви откријам 7 знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерув... Мажот што изневерил почнува да покажува чувство на вина на најразлични начини. М...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg